Спорт
Милевски повика 29 фудбалери за мечевите со Италија и Малта, има двајца дебитанти
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Италија (9. септември, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Малта (12. септември, 20:45 часот, Малта).
Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитанти се фудбалерот на дански Хвидовре, Ахмет Иљазовски, и напаѓачот на Вараждин, Димитар Митровски.
Марјан Радески по подолго време се враќа во националниот тим, а на списокот е и Дарко Чурлинов, кој сѐ уште се опоравува од здравствените проблеми што ги имаше во изминатиот период.
Го нема досегашниот капитен Стефан Ристовски кој јавно објави дека нема да игра за репрезентацијата додека е селектор Благоја Милевски.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија
Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција
Езѓан АЛИОСКИ – Ал-Ахли, Саудиска Арабија
Бојан ДИМОСКИ – Акрон Тољати, Русија
Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска
Стефан АШКОВСКИ
Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција
Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска
Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина
Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија
Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија
Давор ЗДРАВКОВСКИ – Мадервил, Шкотска
Љупче ДОРИЕВ – Согдиана, Узбекистан
НАПАД:
Илија НЕСТОРОВСКИ – Асколи, Италија
Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка
Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска
Александар ТРАЈКОВСКИ
Дориан БАБУНСКИ – Грасхоперс, Швајцарија
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска
Марјан РАДЕСКИ – Струга Трим Љум
Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција
Дарко ЧУРЛИНOВ – Барнли, Англија
Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Италија и Малта од квалификациската група за ЕП 2024 е закажан за 04. септември во х. Хилтон во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

