Спорт
Милинковиќ-Савиќ е „опцијата Б“ за Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е подготвен да даде понуда од 42 милиони фунти за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кого Ерик Тен Хаг го издвоил како алтернатива за Френки де Јонг, кој одбива да се раздели со Барселона и покрај тоа што двата клуба се имаат договорено веќе речиси цел месец.
Според италијанскиот весник „Ил месаџеро“, 27-годишниот српски репрезентативец, кој честопати беше поврзуван со Јунајтед и во минатото, може да замине од Рим, но претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, бара најмалку 59 милиони фунти. Лацио, пак, замена за СМС може да најде во Пјотр Зиелински од Наполи, кој веќе работеше под Маурицио Сари.
Милинковиќ-Савиќ е во Лацио од 2015 година, постигнувјќи 58 гола во 294 настапи, во флексибилна улога на теренот, играјќи од одбраната до нападот.
Manchester United ‘are preparing a £42m offer for Sergej Milinkovic-Savic’ as Erik ten Hag looks for a plan B to Frenkie de Jong https://t.co/Kqs8vKlm7J
— MailOnline Sport (@MailSport) July 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Енис Барди пред трансфер во Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е во завршни преговори со турскиот шампион Трабзонспор, откриваат медиумите во Турција. Тој треба да биде едно од последните засилувања за тимот пред настапот во Лигата на шампионите, како и во битката за одбрана на шампионската титула.
Трабзонспор не успеа да го доведе Езгјан Алиоски, но можеби ќе има Македонец во тимот, Енис Барди.
Наводно, фудбалерот веќе ги договорил личните услови и треба да потпише тригодишен договор. Останува Трабзонспор и Леванте да ги договорат деталите за отштета и трансферот да се реализира.
Спорт
Црвена Звезда со нов триумф над Пјуник до плејоф за групите во ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда го совлада ерменскиот Пјуник и на реваншот со 0:2 и со вкупни 7:0 се пласира во плејоф за пласман во групите од ЛШ каде ќе се сретне со Макаби Хаифа.
Гејлор Канга во 44.минута донесе водство од пенал, откако претходно Александар Катаи не успеа да реализира од белата точка. Во вториот дел, Милан Павков во 60.минута со удар со глава го постави конечниот резултат.
Аполон Лимасол го совлада Макаби Хаифа со 2:0, но тоа беше недоволно со оглед дека израелскиот тим победи на првиот меч со 4:0.
Плзен го победи Шериф Тираспол со 2:1, а Жалгирис и Бодо/Глимт ремизираа 1:1.
Спорт
Мората е понуден на „Олд Трафорд“

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората би можел да го засили Манчестер Јунајтед. Тој има договор со Атлетико Мадрид до крајот на јуни 2023 година, но ниту во престојната сезона нема да игра за составот на Диего Симеоне. Претходно беше позајмен во Јувентус, но сега Атлетико сака комплетно да го продаде.
Напаѓачот е понуден на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ бараат напаѓач. Претходно, Болоња ја одби понудата од Јунајтед за Марко Арнаутовиќ.
Мората изминатите две сезони играше како позајмен играч во Јувентус, но и „старата дама“ не сакаше да го откупи неговиот договор.