Спорт
Милосављев не може сам, Вардар губи од Барса 9-16

Барселона води против Вардар со 16:9 по првиот дел од второто полу-финале на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Вардар не успева да го прати ритамот на Барселона во првото полувреме, единствен кој е на своето ниво е голманот Дејан Милосављев.
Првото полувреме мина в знакот на голманите Милосавље (Вардар) и Де Варгас (Барселона). Голамнот на Вардар првиот дел го заврши со девет одбрани, а неговиот колега од Барселона со шест одбрани. Разликата е само што играчите на Барселона ги материјализираа одбраните на Де Варгас.
Барса отвори со 3:0, Вардар бргу се врати во мечот. Тактичко изненадување беше играта на Вардар со седуммина во нападот. Првата серија Барса ја направија при резултат 4:4, кога постигнаа три гола.
До 20 минута Барселона ја одржуваа разликата, а потоа за четири минути со нова серија од три гола во 24 минута ја направи најголемата разлика од шест гола (14:8).
Во првиот дел тренерот на Вардар Гарсија Парондо искористи два од трите тајм-аути.
Вардар целосно падна во играта во финишот на полувремето, што Барса го искористи и на паузата замина со максималната разлика од седум гола.
Абељо е најефикасен кај Барса со пет гола, додека Криштопанс постигна три гола за Вардар.
foto: epa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Почина Илија Темелковски

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.
Како селекторт на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она што е позначајно, тука започна континуитет на учествоото на големите натпреварувања кој трае до денес.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Фото: РФМ/Фејсбук
Спорт
Шпанија без Торес против Бугарија

Шпанскиот фудбалер Феран Торес ќе го пропушти квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Бугарија поради повреда, објави денес Шпанската фудбалска федерација (RFEF).
„По дополнителни прегледи, медицинската служба на RFEF утврди дека Торес има преоптоварен мускул, но не станува збор за сериозна повреда. Во согласност со политиката за намалување на ризиците и давање приоритет на здравјето на играчите, одлучено е Торес да го пропушти натпреварот против Бугарија. Медицинската служба на Барселона е информирана за сите детали“, се вели во соопштението на RFEF.
Квалификацискиот натпревар од групата Е за СП 2026 помеѓу Шпанија и Бугарија ќе се игра утре во 20:45 часот во Ваљадолид. Шпанија го држи првото место во табелата во групата Е со девет бода од три натпревари.
Торес (25) одигра 51 натпревар за шпанската репрезентација и постигна 22 гола.
Спорт
Успешно опериран Марк Маркез

По прегледот на повредата на десното рамо, со која се здоби на траката во Индонезија, Марк Маркез беше успешно опериран во Мадрид.
Медицинскиот тим што го прегледа Маркез седум дена претходно откри дека скршената коракоидна коска и оштетувањето на лигаментите не покажуваат доволно знаци на стабилизација по една недела имобилизација, што беше првичниот план за лекување.
Затоа, со оглед на ризикот од трајна нестабилност, беше одлучено да се пристапи кон хируршка стабилизација и реконструкција на акромиоклавикуларните лигаменти.
Од самиот почеток, операцијата беше една од опциите што лекарите ги разгледуваа во случај конзервативниот третман да не ги даде очекуваните резултати.
Сега, по успешната операција и враќањето на Маркез дома, возачот со број 93 го продолжува процесот на закрепнување.
Неговиот напредок ќе одреди кога ќе може да се врати на трките, а тест-возачот Мишел Пиро ќе го замени на австралиската трка овој викенд.
🚨MARQUEZ INJURED IN HIGH-SPEED INDONESIA GP CRASH
Marc Marquez, fresh off his 7th MotoGP title, collided with Marco Bezzecchi on the first lap at Mandalika International Street Circuit.
🔹The crash sent both riders into the gravel at high speed; Marquez was visibly in pain,… pic.twitter.com/0RaKAoPFby
— Info Room (@InfoR00M) October 5, 2025