Спорт
Милтон доби отказ во Лејкерси па потпиша за Партизан
Шејк Милтон е новото засилување на кошаркарскиот клуб Партизан.
Како што пишува „Телеспорт“, 28-годишниот бек потпиша двегодишен договор со црно-белите и ќе заработува 1.200.000 долари следната сезона.
Исто така, неговото доаѓање значи дека Ифе Лундберг повеќе не е во плановите на Партизан.
Милтон играше во Филаделфија во период кога тимот редовно стигнуваше до полуфиналето на Источната конференција, а беше дел од тимот кој во сезоната 2020/21 во лигата го зазеде првото место на Истокот.
Таа сезона тој имаше и најдобра статистика во НБА со просек од 13 поени по натпревар, 3,1 асистенции, 2,3 скока за 23,2 минути. Тој беше и еден од најважните играчи кога ѕвездата на тимот, Џоел Ембиид, ја освои наградата за најкорисен играч во 2023 година.
По таа сезона, тој ја напушти Филаделфија и практично неговата кариера тргна надолу. Смени многу тимови, а во претходните две сезони беше во пет тима: Минесота, Детроит, Њујорк Никс, Бруклин и Лос Анџелес Лејкерс, кои неодамна го отпуштија.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

