Спорт
Милвоки Бакс добија нов тренер
Милвоки Бакс имаат нов тренер. Во новатат сезона Бакс ќе ги предводи Адријан Грифин, асистентот на Ник Нурс во Торонто Репторс.
Милвоки Бакс го отпуштија Мајк Баденхолцер, откако тимот беше елиминиран во првото коло во плејофот од Мајами Хит.
Како што пренесува Адријан Војнаровски, негов наследник ќе биде неодамнешниот помошник на Ник Нурс во Торонто Репторс, Адријан Грифин.
Генералниот менаџер на Бакс, Џон Хорст бил импреисониран од лидерските вештини, карактерот и начинот на кој неговите тимови играат одбрана на Грифин.
ГМ на Милвоки Бакс, Џон Хорст и другите раководители на тимот се радуваа на лидерските вештини, карактерот и начинот на кој неговите тимови играат одбрана.
Конкуренција му беа Ник Нурс (неговиот поранешен шеф) и Кени Аткинсон кој имаше голем успех со Бруклин Нетс.
Во Торонто, Грифин имплементирал се што научил од Скот Скајлс, Тимо Тибодо и Ник Нурс и ја подигна одбраната на Репторс на повисоко ниво, а со него работеле Џими Батлер и Паскал Сијакам, кои имаат само пофални зборови за човекот кој одигра девет. сезони во НБА лигата.
Како играч, Грифин играше за Бостон, Далас, Чикаго, Хјустон и Сиетл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

