Контакт

Спорт

Милвоки пред елиминација – Мајами на победа до финалето

Објавено пред

Победа ги дели кошаркарите на Мајами Хит од пласман во финалето на Истокот. Хит водат со 3-0 во серијата против Милвоки Бакс. Третиот меч Мајами го добија со 115:100.

Мајами одиграа брилијантно во последната четвртина, во која постигнаа 40, а примија само 13 поени. Претходно Милвоки ја испуштија шансата да го решат мечот откако во третиот период имаа водство од 14 поени (87:73).

Џими Батлер го предводеше Мајами до третата победа во серијата со 30 поени, седум скока и шест асистенции, Бем Адебајо забележа 20 поени и 16 скокови, Џеј Краудар 17, а Горан Драгиќ 15 поени.

На спротивната страна Јанис Адетокумбо беше на асистенција до трипл-дабл (21 поен, 16 скока, 9 асистенции), Лопез постигна 22, а Мидлтон 18 поени.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Хамилтон: Неверојатно е што ми прават од ФИА

Објавено пред

Поради двете казни од по 5 секунди Луис Хамилтон трката за Големата награда на Русија ја заврши на третата позиција. Британецот два пати ги прекршил упатствата на директорот на трката поврзани со вежбите за страт на трката. Хамилтон тоа го правел на местата што не биле дозволени.

Хамилтон смета дека казната била драстична и дека ФИА се обидува да запре кога тоа веќе не може да го направат неговите ривали.

„Сигурен сум дека никој досега не добил две казни од по 5 секунди за нешто толку смешно. Никого не загрозив, сум го правел тоа на милион патеки во текот на годините и никогаш не бев казнет поради тоа“, рекол Хамилтон.

„Претераа со казната. Меѓутоа, тоа е очекувано. Се обидуваат да ме запрат. Морам да бидам мирен, повеќе нема да им дадам причина да ме казнат. Нашиот болид го прегледуваат трипати, ги менуваат правилата за да им овозможат на другите да ни се доближат, за да бидат трките интересни“.

Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 205 поени, неговиот тимски колега Валтери Ботас, кој победи во Русија, има 161 поен на второто место. На Хамилтон му е потребна уште една победа за да го изедначи рекордот на Михале Шумахер според бројот на победи во Формула 1.

Прикажи повеќе...

Спорт

За овие шестмина нема место во Барселона

Објавено пред

Финансиската криза што ја предизвика пандемијата на коронавирусот најмногу од сите клубови ја почувствува Барселона. Клубот веќе го напуштија Артуро Видал, Иван Ракитиќ, Луис Суарез, Карлес Перез, Нелсон Семедо, а до крајот на преодниот рок планот на клубот е да продаде уште шестмина фудбалери. На овој начин Барселона ќе ги заработи пари и ќе го намали буџетот за плати.

„Мундо Депротиво“ го објави списокот на играчите кои до крајот на преодниот рок треба да ја напуштат Барселона.

Прв на листата е Жан-Клер Тодибо, кој минатата сезона беше позајмен во Шалке. Барселона за овој фудбалер бара 25.000.000 евра што е преголема сума за заинтересираните Евертон и Фулам.

Рафиња Алкантара може да замине за 16.000.000 евра колку што изнесува неговата откупна клаузула. Минатата сезона тој беше во Селта, но прашање е дали клубот од Виго ќе ја активира клаузулата за откуп на договорот.

Мартин Брејтвај ќе го напушти клубот во моментот кога во Барселона ќе пристигне нов напаѓач. Засега најмногу се шпекулира со Мемфис Депај од Лион.

Самуел Умтити за кого Барселона пред две години одби 50.000.000 евра има неколку понуди, а најконкретна е онаа од неговиот поранешен клуб Лион.

Жуниор Фирпо и Карлес Алења клубот сака да ги продаде бидејќи нема да добијат доволно минути од тренерот Роналд Куман.

„Сигурно е дека нема сите да заминат, но целта на Барселона е јасна – да заработи пари и да го растовари буџетот“, пишува Мундо Депортиво.

Преодниот рок трае до 5 октомври.

Прикажи повеќе...

Спорт

Буш првпат победи во родниот Лас Вегас

Објавено пред

Курт Буш победи на трката „Саут поинт 400“ на патеката во Лас Вегас во рамките на плејофот во Наскар-шампионатот, со што си обезбеди место во полуфиналето.

Првата победа за Буш во 2020 година воедно е и прва победа за него во родниот Лас Вегас.

Без оглед на пласманот во последните две трки, во Таладега и Шарлот, Буш си обезбеди место во полуфиналето.

Буш во последните 25 круга водеше голема борба со Мет Дибенедето, успеа да се одбрани и да забележи победа.

Трет трката во лас Вегас ја заврши Дени Хемлин, зад него беа Мартин Труекс и Алекс Боуман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството...

Македонија34 минути

МОН: Во тек се тестирањата на националната платформа за онлајн настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Свет1 час

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет2 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува корона

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19, бидејќи примероците...

Македонија3 часа

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион4 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија4 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија5 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија17 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија17 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион18 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет19 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет20 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ21 час

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија22 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија23 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ24 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа1 ден

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет1 ден

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ1 ден

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Досие