Спорт
Милвоки преку Бостон до второто место на Истокот
Актуелните шампиони во НБА-лигата, Милвоки Бакс, во плејофот влегуваат од втората позиција на Истокот. Милвоки ги победија Бостон селтикс со 127:121, ја обезбедија втората позиција и во исто време им овозможија на Мајами Хот да бидат први во Источната конференција.
Бостон, без Џејсон Тејтум, не успеа да го изненади шампионот. Јанис Адетокумбо со 29 поени и 11 скока, односно Крис Мидлтон со 29 поени и по осум скока и асистенции го предводеа Милвоки.
На спротивната страна 29 поени постигна Маркус Смарт, а Џејлен Браун забележа трипл-дабл од 22 поени, 10 скока и 11 асистенции.
Торонто ја победи Филаделфија со 119:114. Извесно е дека Филаделфија ќе влезе во плејофот од четвртото место, а Торонто од петтата позиција.
Паскал Сијакам со трипл-дабл од 37 поени, 11 скока и 12 асистенции ги предводеше Репторси до победата. Кај Филаделфија се истакна Џоел Ембид со 3 поени и 10 скока.
Изминатата ноќ седмото место на Западот го обезбеди Минесота. Тимбервулвс забележаа победа над Сан Антонио 127:121. Минесота ќе игра плејин за место во плејофот.
Ентони Едвардс постигна, рекордни во кариерата 49 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

