Спорт
Милвоки се откажа од него – Бостон му даде 135 милиони долари

Бостон Селтикс одлучија да ја продолжат соработката со еден од најважните играчи оваа сезона, Џру Холидеј (33).
Mилвоки Бакс, минатото лето се откажаа од услугите на Холидеј. Тој беше трејдуван во Портланд, во замена за Демијан Лилар. Во Портланд се задржа неколку дена, а потоа во нов трејд се пресели во Бостон.
Неговиот ангажман се покажа како вистински потег за Селтикс, кои регларниот дел од сезоната ќе го завршат на првото место во целата НБА лига. Селтикс, според многумина се најсериозните кандидати за шампионскиот прстен.
Поради се што направи оваа сезона, Селтикс на Холидеј му понудија нов четири годишен договор вреден 135 милиони долари.
Холидеј ја одбил опцијата да го продолжи договорот за уште една година за околу 37 милиони долари и за да се обезбеди решил да прифати долгорочен договор.
Џру Холидеј е еден од најдобрите дефанзивеци во НБА, сезонава има просек од 12,5 поени со 5,4 скока и 4,9 асистенции.
Тој стана четвртиот играч кој потпишал деветцифрен договор на 33 или повеќе години. Пред него тоа го направија само Леброн Џејмс, Стеф Кари и Ал Хорфорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Макаби славеше во израелското дерби во Евролигата

Кошаркарите на Макаби од Тел Авив го победија Хапоел со 103:90 во првиот натпревар 3. коло од Евролигата. Натпреварот се одигра во Софија, каде што Хапоел како домаќин ги игра натпреварите во Евролигата.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, се играше во серии, а потоа Макаби успеа на „крилата“ на Џефф Даутин Џуниор да направи клучна предност и рутински го до заврши натпреварот.
Ова беше прва победа на Макаби во сезоната, како и прв пораз на Хапоел.
Во редовите на „Гордоста на Израел“, се истакна Лони Вокер со 20 поени, два скока и четири асистенции и потоа Ошај Брисет со 19 поени и четири скока.
Џеф Даутин Џуниор и Џален Хорд постигнаа двоцифрен број поени по 13 поени, додека Роман Сокрин постигна 12, а Тамир Блат 11 поени со четири скока и седум асистенции.
Кај Хапоел се истакна Елајџа Брајант со 18 поени, а потоа следуваа Антонио Блејкни со 16, Ден Отуру со 15 и Василије Мициќ со 14 поени и четири асистенции.
Спорт
Пелистер загуби со двоцифрена разлика од Висла

Еурофарм Пелистер, во четвртото коло го доживеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерва во Плоцк, македонскиот првак доживеа убедлив пораз од Висла 36:25.
Еурофарм Пелистер на Висла и се спротивстави само во првите 20 минути. Една третина од натпреварот избраниците на Рубен гарабаја делуваа добро на теренот. Битолчани имаа предност 8:9, кога започна серијата на Висла од 6:1.
Таа серија се покажа како клучна за преостанатиот тек на натпреварот. Висла на полувреме замина со предност 18:14.
Вториот дел Висла рутински го одработи, на десет минути до крајот домаќинот дојде и до двоцифрена предност (30:20), на крајот полскиот тим победи 36:25.
Пелистер го предводеше Дејан Манасков со седум гола, кај Всла најефикасен беше францускиот репрезентативец Мелвин Ричардсон со осум погодоци.
Foto/ EPA
Спорт
Салах го однесе Египет на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство следната година откако го победи Џибути со 3:0 во африканските квалификации.
Во групата А, коло пред крајот, Египет на првото место има недостижни пет бода повеќе од Буркина Фасо, која е на второто место. Египет четврти пат во историјата избори место на Мундијалот, претходно „фараоните“ беа дел од најголемата фудбалска смотра во 1934, 1990 и 2018 година.
Од Африка, место на Мундијалот претходно изборија Мароко и Тунис.
Египет убедливо го победи Џибути со 3:0 на гостински терен со головите на Ибрахим Адел и Мохамед Салах (два).
Покрај трите селекции од Африка и домаќините Канада, Мексико и САД, пласман на Светското првенство досега изборија: Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, актуелниот светски шампион Аргентина, Еквадор, Бразил, Уругвај, Парагвај и Колумбија.