Спорт
Миовски: Убаво е чувството кога одново сме заедно

Izvor/ ffm.mk
Македонската репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Напаѓачот на Абердин, смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.
„Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“, изјави Миовски за интернет страницата на ФФМ и дополни.
„Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гери Невил: Не верував дека Ливерпул ќе оди погоре од петтото место, секоја чест за Арне Алот
Во својот подкаст, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, зборуваше за актуелните настани во Премиер лигата и за новиот шампион Ливерпул. „Црвените“ се на прагот да ја освојат својата јубилејна 20-та титула во Премиер лигата, а тоа би можело да се случи утре доколку го победат Тотенхем (17:30 часот).
Ова значи дека Арне Слот, во својата дебитантска сезона на клупата на Ливерпул, ќе го направи она што многумена пред него не го направија.
„Мислам дека тој одлично ја врши работата, да бидам искрен. На почетокот на сезоната, немаше многу луѓе, дури и меѓу навивачите на Ливерпул, кои ја очекуваа титулата. Не се сеќавам дека некој од нас, професионалните консултанти или аналитичари, рече дека Ливерпул ќе биде шампион. Сите очекуваа трка помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, па она што го направија е навистина голем успех“, рече Невил во својот подкаст, а потоа продолжи:
„Им ја прогнозирав петтата позиција. Очекував природен пад да следи по заминувањето на Клоп, како што се случи со Арсенал по Арсен Венгер или Јунајтед по Алекс Фергусон. Ваквите работи се вообичаени и затоа успехот на Слот добива дополнителна тежина.“
Невил, исто така, ги пофали преговарачките вештини на Слот, кој успеа да ги убеди Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк да ги продолжат договорите со Ливерпул.
„Во текот на целата сезона, го следеа приказни околу договорите на најдобрите играчи, а тој успеа да убеди двајца од најважните играчи за тимот да ја продолжат својата лојалност кон клубот. Во исто време, тој беше смирен цело време и успеваше да го извлече најдоброто од тимот. Да не беше така, да беше поинаков тип тренер, малку е веројатно дека Ван Дајк и Салах ќе одлучеа да останат во клубот“, смета Невил.
Спорт
Анчелоти ќе се обиде да стави крај на победничката низа на Флик

Вечерва во Севилја ќе се одигра 260. Ел Класико во историјата. Реал и Барселона на „Ла Картуха“ стадионот во Севилај ќе се бора за трофејот во Купот на Кралот.
Барселона досега се појави 42 пати во финалето на Купот на Кралот. Тој има 31 трофеј. Реал во 40. финалињата на ова натпреварување освои 20 трофеи.
Финалето имаше бурна предигра, претседтелот на Реал, Флорентино Перез направи вистински хаос откако дозна дека Де Бегоенчеа ќе го суди финалето. Главниот судија најпрвин беше распнат во емисија на Реал ТВ, а откако тој одржа емотивна прес-конференција, Реал ги откажа сите активности пред финалето.
Реал не одржа отворен тренинг за медиумите, немаше прес-конференција и неговите преставници не се појавија на традиционалната вечера пред финалето.
Дури се шпекулираше дека Реал нема да настапи во финалето доколу не биде сменет судијата, но Перез изгледа не е подготвен да предизвика таков скандал.
Покрај она што ќе се случува на теренот, интересна ќе биде и тренерската битка. Прашање е дали Карло Анчелоти ќе успеа да го добие Ханси Флик. Германецот досега во кариерата нема пораз во финалните мечеви, шест пати играл со својоте клубови и шест пати победил.
Оваа сезона Барселона два пати го победи Реал, во првенството и Суперкупот, а гол разликата е импресивна 9:2.
Спорт
Веселин Вујовиќ во Куќата на славните

Веселин Вујовиќ, еден од најдобрите ракометари во историјата на Југославија и поранешен селектор на Србија и Црна Гора, е нов член на Куќата на славните на шпанската АСОБАЛ лига.
Омилениот тренер на навивачите на Вардар доби големо признание заедно со Алберто Ентрериос, Кристина Пинеиро, Лоренцо Рико и Валеро Ривера.
Овие пет спортисти беа избрани од навивачите, а жирито само ги потврди желбите на љубителите на ракометот во Шпанија.
Вујовиќ играше во Шпанија седум години и ги носеше дресовите на Барселона и Гранољерс. Со Барселона, тој беше четири пати шампион на земјата и еднаш ја освои Лигата на шампионите. Тој го предводеше Гранолерс до трофеите во Кралскиот куп и ЕХФ купот.