Спорт
Миротиќ МВП на сезоната, Барцокас најдобар тренер
Европскиот кошаркарски крем се собра во Белград, каде во четврток ќе започне завршниот турнир во Евролигата. За трофејот ќе се борат Барселона, Реал, актуелниот шампион Анадолу Ефес и Олимпијакос.
Во пресрет на натпреварите Евролигата ги додели последните две награди за регуларниот дел од сезоната. МВП е Никола Миротиќ од Барселона, а најдобра тренер е Јоргос Барцокас од Олимпијакос.
Претходно наградата за најдобра дефанзивец ја доби Кајл Хајнс од Армани Милано, а играчот на Барселона, Рокас Јокубаитис е прогласен за „Ѕвезда во подем“.
Наградата „Магичен момент“ му припадна на Костас Слукас од Олимпијакос. Тој постигна тројка за победа над Ефес.
Никола Миротиќ имаше брилијантна сезона, ја предводеше Барселона до првото место во регуларниот дел од сезоната. Црногорецот со шпански пасош во просек бележеше по 16,6 поени и 5,5 скока и индекс на корисност од 19,4 по натпревар.
Тој е дел од најдобрата петорка заедно со Шејн Ларкин (Ефес), Мајк Џејмс (Монако), Саша Везенков (Олимоијакос) и Валтер Таварез (Реал).
Миротиќ прв пат во кариерата е МВП во Евролигата, воедно тој е прв играч на Барселона кој по 2009 година ја доби престижната награда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

