Спорт
Мицевски по пауза од четири месеци се врати на терените
Капитенот на Вардар, Дарко Мицевски по четири месечна пауза поради повреда се врати во тимот.
Мецевски настапи на вчерашниот контролен натпревар против Тетекс. Вардар победи со 3:0, со головите на Здравковски, Николовски и Жоглев.
„Му посакуваме здравје и успешна сезона предводејќи го тимот во новите предизвици“, објави клубот на социјалните мрежи.
Мицевски, ги повреди лигаментите на натпреварот против Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мареска: Навивачите сонуваат, но Челзи не е подготвен за титулата
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска изјави „сините“ не се подготвени да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона, пренесуваат британските медиуми.
Челзи во неделата на домашен терен го совлада Брентфорд со 2-1 во 16. коло од англиската Премиер лига. Челзи, моментално е на второто место на табелата во Премиер лигата, со два бода помалку и натпревар повеќе од првопласираниот Ливерпул.
„Мораме да бидеме реални. Не се работи за тоа колку победи имаме. Има работи што треба подобро да ги правиме. Затоа се уште не мислам дека сме подготвени да ја освоиме титулата. Навивачите можат да сонуваат, но ние во клубот мора да бидеме реални“, изјави Мареска.
Фудбалерите на Челзи во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата постигнаа 37 гола и примија 19.
„Мислам дека другите тимови, кои знаат да освојуваат титули, не примаат голови како што ние ги примаме“, рече Мареска.
Последен пат Челзи ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2016/2017.
Спорт
Влаховиќ добил смртни закани
Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ е во центарот на вниманието по случувањата на натпреварот против Венеција.
Пред два дена, Јувентус ремизираше 2-2 на домашен терен во 16.коло против Венеција, тимот што го зазема последното место на табелата. Јувентус влезе во серија лоши резултати, против Венеција четврти пат во низа одигра нерешено.
И покрај голот кој Влаховиќ го постигна во четвртата минута од судиското надополнување и спречи пораз на Јувентус, атмосферата на стадионот беше далеку од славеничка.
По натпреварот, фудбалерите на Јувентус се приближија до делот од трибините каде што седеа најжестоките навивачи на клубот. Наместо поддршка, добија навреди.
Посебно на мета бил српски напаѓач, кој според италијанските медиуми добил смртни закани.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, специјалната единица за истраги и операции покренала истрага против навивачот кој упатил смртни закани до српскиот репрезентативец.
Се додава дека истражителите ги побарале видео снимките од трибините за да го идентификуваат лицето кое упатило опасни и недолични зборови кон напаѓачот на Јувентус.
Србинот е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона со 11 гола на 19 натпревари.
VIDEO DIRETTAMENTE DALLO STADIO DEL PRESUNTO LITIGIO.
Grazie a @labiondajuve pic.twitter.com/njjqGKj5Vc
— Mary Di Dio (@marydidio_) December 14, 2024
Спорт
Аморим објасни зошто ги оставил дома Рашфорд и Гарначо
Манчестер jунајтед го доби градското дерби против Сити со 2:1. „Црвените ѓаволи“ направија спектакуларен пресврт во финишот на натпреварот и со голови во 87. и 90.минута ја однесоа победата.
Покрај победата на Јунајтед, во Англија внимание привлекува и одлуката на менаџерот Рубен Аморим да ги остави дома Маркус рашфорд и Алехандро Гарначо.
„Ништо посебно. Крај на еден натпревар, почеток на нова недела. Нова недела, нов живот, ако тренираат добро ќе бидат во конкуренција за место во тимот. Ќе играат затоа што се талентирани, ни требаат Рашфорд и Гарначо. Истите правила важат за сите. Ќе играат или ќе бидат резерви. не се работи само за дисциплината. Мораме да ги поправиме стандардите, на теренот и надвор од него“,изјави стратегот на Јунајтед.
Јунајтед сега е 12-ти на табелата со 22 бода, додека Сити е петти со пет бода повеќе.