Спорт
Младата репрезентација со разочарувачки домашен пораз од Фарските Острови!

Македонската репрезентација до 21 година доживеа разочарувачки пораз од 0:1 од Фарските Острови со што сите надежи за пласман на третото место во квалификациите за Европското првенство остануваат сон.
Стефан Радосављевиќ го постигна единствениот гол на мечот во 52. минута, по што селекцијата на селекторот Драган Канатларовски не успеа да одговори и барем да израмни до крајот на мечот.
Овој резултат ја остава Македонија на петтото место на табелата со 6 поени, а сега Фарски Острови се пред нас со 9 поени, додека Србија има недостижни 11 поени.
Фото: ФФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гасперини се сели во Рим, по девет години ја напушта Аталанта

Џан Пјеро Гасперини (67) нема да го продолжи договорот со Аталанта. Искусниот тренер го предводи клубот од Бергамо од 2016 година. Под негово водство, тимот постојано е меѓу најдобрите во италијанскиот фудбал, редовен учесник во европските купови.
Во Серија А еднаш беа втори, три пати трети и двапати четврти. Најлошиот финиш на Аталанта под водство на Гасперини беше во сезоната 2021/22, кога беа осми. Минатата сезона беше најуспешна за нив, беа втори во италијанскиот шампионат и ја освоија Лигата на Европа.
Во тековната сезона го држи третото место на 12 кола до крајот на првенството. Заостанува два бода зад второпласираниот Наполи и три бода зад водечкиот Интер.
Единствената негативна страна е елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите против белгискиот Клуб Бриж.
Гасперини, чиј договор со Аталанта истекува во јуни следната година, во саботата потврди дека нема намера да го продолжи договорот.
Според италијанските медиуми, Гасперини од следната сезона ќе биде тренер на Рома.
Спорт
Влаховиќ чека понуда од Премиер лигата

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ ја одбил понудата на Фенербахче бидејќи сака летово да се пресели во некој од премиерлигашките клубови, објавија денеска италијанските медиуми.
„Тутоспорт“, објави дека Фенербахче е подготвен да му понуди на Влаховиќ плата од 12 милиони евра годишно од сезоната 2025/2026, колку што моментално заработува во Јувентус, но 25-годишниот српски репрезентативец не е заинтересиран да замине во Турција.
Влаховиќ се надева дека ќе добие понуда од Премиер лигата на крајот на сезоната.
Влаховиќ не постигнал договор со Јувентус за продолжување на соработката, поради што клубот има намера да ги слушне понудите од заинтересираните клубови.
Српскиот репрезентативец е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона, а во неделата првпат беше стартер во Серија А во 2025 година. Го постигна единствениот гол на натпреварот.
Поранешниот играч на Партизан и Фиорентина на 31 натпревар сезонава постигна 14 гола и имаше две асистенции.
Спорт
Алкалоид против Баја Маре за полуфинале во Европскиот куп

Фото/ rkalkaloid.mk
Ракометарите на Алкал0ид по денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ го дознаа противникот во четвртфиналето на Европскиот куп.
Противник на Алкалоид ќе биде романскиот тим Баја Маре. Првиот натпревар ќе се одигра на 22/23.март во Романија, а реваншот во Скопје е планиран за 29/30.март.
Четвртфинални двојки:
Баја Маре (Романија) – Алкалоид (Македонија)
АЕК (Грција) – Партизан (Србија)
Олимпијакос (Грција) – Сандерфјорд (Норвешка)
Хаукар (Исланд) – Извиѓач (БиХ)
Доколку Алкалоид избори пласман во полуфиналето за место во финалето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Олимпијакос и Сандерфјорд.