Спорт
ММА: Јулија Паиќ тепа мажи, ќе се бори за милион долари

Јулија Паиќ е последната ММА-атракција од балканските простори откако 23-годишната ѕвезда, која е родена во Германија, настапува за Црна Гора, а тренира во Хрватска, влезе во игра за џекпотот од милион долари во Професионалната фајтерска лига (ПФЛ).
Паиќ минатата година стана ѕвезда во Германија кога победи еден човек што работи како обезбедување во егзибициски меч, во неверојатно доминатнен меч, а сега ПФЛ потврди дека таа е во игра за големата награда.
„Сакав да се борам со маж бидејќи целиот мој живот сонувам за големи борби, без разлика на полот. Тоа не се случува секогаш“, вели Пајиќ.
Нејзините тетоважи, но и лузни, предизвикаа многу интерес, и таа првин тврдеше дека се работи за повреди од напад на тигар.
Паиќ е една од петте дебитанти во ПФЛ оваа сезона, покрај Белгијката Синди Дандоа, Украинката Олена Колесник, Американката Лора Санчез и Бразилката Маријана Мораиш. Осумте натпреварувачи ќе се борат во четврт-финале и полуфинале пред големиот меч за големата награда. Актуелна шампионка е двократната олимписка шампионка во џудо, Американката Кајла Херисон.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Ако се вакцинира Роналдо, навивачите ќе го следат неговиот пример“

Докторот на Клиниката за инфективни болести во Џенова, Матео Басети, рекол дека сите фудбалери во Серија А би требалод а се вакцинираат против коронавирусот. Во Серија А играат околу 600 фудбалери.
Басети смета дека масовната вакцинација меѓу фудбалерите, би го спречила ширењето на вирусот меѓу спортистите и во исто време на навивачите би им била испратена силна порака и тие да ја прифатат имунизацијата.
„Замислите да се вакцинира Крстијано Роналдо, знаете ли колку навивачи потоа би го следеле неговиот пример“, рекол докторот Басини.
Спорт
Хас го покажаа болидот за новата сезона

Екипата на Хас го претстави болидот со кој ќе се натпреварува оваа сезона во шампионатот на Формула 1. Болидот ја носи ознаката „WF-21“, а ќе го возат дебитантите Мик Шумахер и Никипа Мазепин.
Хас, од сите тимови, направи најмалку промени во однос на минатата сезона. Најзабележливо е дека тимот ги смени боите. На новиот болид доминираат белта, сината и црвената боја. Оваа промена е направена поради главниот спонзор, руската компанија „Уралкали“.
Ко-сопственик во оваа компанија е таткото на Никита Мазепин.
Минатата сезона, Хас, освои само три бода и во конкуренција на конструкторите заврши на претпоследното место, во генералниот пласман.
Новата сезона ќе започне во Бахреин на 28.март.
Спорт
Клоп: Клубот ги плаќа, нема да им дозволиме да играат за националните тимови
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да им дозволи на фудбалерите да играат за своите репрезентации, доколку по враќањето во клубот ќе мора да минат десет дена во карантин. ФИФА, минатиот месец донесе одлука, која им овозможува на клубовите да им забранат на фудбалерите да играат за своите репрезентации, доколку по враќањето о клубовите мора одреден период да минат во карантин.
Велика Британија има „црвена листа“ на држави кои се сметаат за ризични. Владата донесе одлука за задолжителен карантин, за сите оние кои влегуваат во Велика Британија, а доаѓаат од државите кои се на „црвената листа“.
На таа листа се наоѓаат Португалија и сите држави во Јужна Америка, што значи дека Алисон Бекер, Роберто Фирмино, Фабињо и Диого Жота нема да добијат дозвола од клубот да го напуштат Ливерпул.
„Ситуацијата е таква што не можеме да ги усреќиме сите фудбалски сојузи. Не можеме да ги пуштиме фудбалерите, а кога тие ќе се вратат да мора да одат во карантин. Мораме да признаеме дека клубовите ги плаќаат играчите, тоа значи дека клубовите мора да имаат приоритет“, рекол Клоп.
Тренерот на Ливерпул, рекол дека клубот ќе има трпение и ќе чека до последен момент пред да ја донесе конечната одлука.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер