Спорт
Меси ќе ги прескокне дуелите со Чиле и Колумбија

Селекторот на Аргентина, Лионел Сзкалони, го изостави од списокот за претстојните квалификациски натпревари, имењакот од ПСЖ, Меси.
Напаѓачот на ПСЖ, неодамна беше заразен со коронавирусот. Полека се враќа во тренажниот процес, но се уште не одиграл натпревар за својот клуб.
Во ситуација кога Аргентина веќе обезбеди место на СП во Катар, Скалони реши дека нема потреба да го повика својот најдобар играч.
Аргентина, на 28.јанури ќе гостува во Чиле, а четири дена подоцна ќе ја пречека Колумбија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зидан не сака да го преземе ПСЖ

Францускиот стратег Зинедин Зидан одбива да седне на кормилото на Пари Сен Жермен, пренесува „Телефут“. Легендата на францускиот фудбал е прв избор за наследник на Покетино, но Зидан, сепак, ја одбил понудата на раководството на „светците“.
Откако ги разрешија дилемите со Килијан Мбапе, кој потпиша нов тригодишен договор, сега ќе се посветат кон избор на нов тренер. Исто така, досегашниот спортски директор Леонардо доби отказ и се чека официјална потврда, а како негов наследник се споменува Луис Кампос.
Спорт
Наполи одбил 90 милиони евра од Арсенал за Осимен

Наполи одбил да го продаде напаѓачот Виктор Осимен на Арсенал, откриваат италијанските медиуми. Раководството на „наполитанците“ ја одбило понудата на англискиот клуб во висина од 90 милиони евра.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис процени дека 23-годишниот Нигериец вреди 110 милиони евра.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да привлече двајца напаѓачи во својот тим откако Пјер-Емерик Обамејанг си замина во јануари, а најверојатно по завршувањето на сезоната клубот ќе го напушти и Александре Лаказет. Иднината на Еди Нкетија е исто така неизвесна.
Спорт
Наполи со триумф против Специја го заврши шампионатот во Серија А

Наполи беше убедлив на гостувањето кај Специја, победи со 0:3 и на убав начин ја заокружи сезоната во Серија А. Тимот на Елиф Елмас не успеа во трката за титулата, но, сепак, успеа да оствари пласман во Лигата на шампионите.
Матео Политано во четвртата минута донесе предност, а Пјотр Зиелински во 25.минута зголеми на 0:2. Диего Деме беше стрелец на третиот гол за „наполитанците“ во 36.минута од мечот.