Спорт
Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Лука Модриќ решил да го напушти Реал Мадрид, откако добил неверојатна понуда од понуда од Саудиска Арабија, ексклузивно објави шпански „ОК Диарио“. За еден месец, Модриќ ќе биде слободен играч.
Капитенот на хрватската репрезентација доби понуда од 120 милиони евра за три сезони во Саудиска Арабија. Од друга страна, Реал на 37. годишниот играч за врска му нуди едногодишен договор наводно вреден 10 милиони евра.
„Драматичен пресврт. Модриќ најверојатно ќе се збогува со Реал и „Сантијаго Бернабеу“ во недела на натпреварот против Атлетик Билбао. Тој веќе го известил Реал дека има намера да замине. Делуваше дека ќе остане, но потоа Саудијците дојдоа со уште подобра понуда од порано и го натераа да го мислењето“, пишува новинарот Педро Антолинос.
„Реал веднаш по објавата на Модриќ започна преговори со Дани Себаљос и ќе се обиде да го задржи во клубот. И договорот на Себаљос истекува за еден месец. Пристигнува и Џуд Белингем, па ќе ја пополнат празнината што ќе настане по заминувањето на Модриќ.
Да потсетиме, претходно Кристијано Роналдо замина во Саудиска Арабија и го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот. За две години ќе добијат околу 400 милиони евра. Најверојатно по неговиот пат ќе тргне и соиграчот на Модриќ, Карим Бензема, на кого Саудијците му нудат иста сума како Роналдо.
Модриќ е во Реал од 2012 година. Со години беше еден од клучните играчи, но од клубот му порачаа порачаа дека следната сезона, доколку го продолжи договорот ќе има помала минутажа поради доаѓањето на Белингем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мега пресврт, Нико Вилијамс го продолжи договорот со Атлетик Билбао

Атлетик Билбао објави голема вест на социјалните мрежи. Крилниот напаѓач Нико Вилијамс го продолжи договорот со клубот. 22-годишникот потпишал договор кој трае до 2035 година, а клубот исто така потенцира дека клаузулата за откуп на договорот е зголемена „за повеќе од 50%.“
Досега, таа изнесуваше 60 милиони евра, со новиот договор таа е зголемена на над 90 милиони.
Оваа вест доаѓа како големо изненадување бидејќи е познато дека Вилијамс преговараше со Барселона со месеци, а локалните медиуми го сметаа трансферот за завршен и договорен.
💥 Nico Williams renueva con el Athletic Club hasta 2035.
El extremo rojiblanco se vincula al club de su corazón durante las próximas diez temporadas y su cláusula de rescisión aumenta más de un 50%. #NicoWilliams2035 #AthleticWIN 🦁
— Athletic Club (@AthleticClub) July 4, 2025
Блауграна останува без најголемиот трансфер оваа сезона и ќе мора да бара нови опции.
„Нико Вилијамс и Барселона се договорија за сите детали. Фудбалерот на Атлетик Билбао ќе потпише шестгодишен договор за новиот клуб со нето плата помеѓу седум и осум милиони евра по сезона. Барселона моментално преговара со Атлетик за финансиските услови за да го комплетира трансферот“, објави Фабрицио Романо пред две недели.
Иако млад, Вилијамс веќе одигра 167 натпревари за Атлетик, постигна 31 гол и забележа 30 асистенции.
Foto/ EPA-EFE/RONALD WITTEK
Спорт
Погребот на Диого Жота и Андреа Силва во сабота во Гондомар

Диого Жота (29) и неговиот брат Андре Силва (26) загинаа во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора во средата навечер.
Бдеење за фудбалерите на Ливерпул, Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва, се одржува денес во нивниот рден град Гондомар, во близина на Порто, а погребот ќе се одржи во сабота.
Собирот започна околу 8 часот наутро по локално време во Црквата на Воскресението, изјави локален свештеник за новинската агенција ПА, објави Би-Би-Си.
Свештеникот Хозе Мануел Маседо изјави за агенцијата дека погребот ќе се одржи во сабота од 10 часот наутро по локално време. Двете возила, вклучувајќи и мртовечко возило, беа пречекани со аплауз и солзи од локалното население и навивачите кои ги исполнија улиците во близина на погребалниот дом и главната црква во Гондомар.
Британските медиуми објавија дека сè уште не е јасно дали семејството ќе се одлучи за приватен или јавен погреб, но се очекува да присуствува португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.
Жота (29) и неговиот брат Андре Силва (26) загинаа во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора во среда навечер, кога нивниот автомобил излета од патот. Шпанскиот весник „Марка“ објави дека автомобилот се запалил и пламенот брзо се проширил на блиската вегетација.
Браќата починале околу половина час по полноќ откако пукнала гума на нивниот автомобил додека се обидувале да престигнат друго возило.
Тие патувале со автомобил од Порто до ферибот за Англија, каде што Жота требало да им се придружи на своите соиграчи од Ливерпул на предсезонски подготовки.
Жота бил подложен на мала операција и лекарите го советувале да не патува со авион, па затоа планирал да се врати во Ливерпул со брод и автомобил.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Трамп ќе организира УФЦ борба во Белата куќа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, секојдневно ги исполнува медиумите со неверојатни изјави, а на митинг пред поддржувачите во Ајова, тој се осврна и на спортски теми.
Станува збор за традиционален собир пред 4 јули, датумот на кој беше ратификувана Декларацијата за независност на САД во 1776 година. Паралелно со воената парада во главниот град, Трамп објави какви планови има за следната годишнина, која ќе биде јубилејна 250-та.
„Гледате ли УФЦ? Големиот Дејна Вајт. Ќе организираме УФЦ борба на на почвата пред Белата куќа. Имаме многу простор таму. Дејна ќе го направи тоа“, е амбициозниот план на американскиот претседател.
Трамп, познат по својата љубов кон боксот и MMA и неговите гостувања на ревиите за боречки вештини, продолжи да зборува за шефот на УФЦ и го објасни планот подетално.
„Ќе имаме УФЦ борба за титула, вистинска борба, со 20 или 25 илјади луѓе. Тоа ќе биде дел од прославата на 250-годишнината“, рече Трамп.
Претседателот, исто така, објави дека дел од програмата ќе бидат таканаречените „Патриотски игри“ во кои натпреварувачи од сите 50 „држави“ ќе се натпреваруваат во различни спортски дисциплини.
„Ќе имаме неверојатни настани. Некои ќе бидат професионални, некои ќе бидат аматерски, но борбата на УФЦ ќе биде голем настан“, подвлече Трамп.
Foto/ EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH