Спорт
Модриќ со емотивна порака го испрати Срна во „пензија“ (фото)

Легендарниот капитен на хрватската фудбалска репрезентација, Даријо Срна ја заврши играчката кариера. Тој вчера на прес-конференција во Италија ја обзнани одлуката.
Срна иако нема повеќе да го гледаме на фудбалските терени, сепак останува во фудбалот, во улога на помошник тренер во Шахтјор Доњецк во Украина.
Екс-соиграчите од хрватската селекција го испратија со пораки, а посебно емотивна беше онаа на фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
„Заврши една вредна играчка кариера. Почнува една нова фудбалска приказна со истата страст, знаење и душа. Приказна на животот, приказната на Даријо Срна. Приказна за добар човек. Пријателе, нека ти е со среќа“ напиша Модриќ на Инстаграм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јокиќ подели 19 асистенции, Денвер победи во Индијанаполис

Кошаркарите на Денвер ја совладаа Индијана со 125:116 во Индијанаполис. Никола Јокиќ на овој натпревар имаше повеќе асистенции отколку поени (18), а му недостигаше скок за трипл-дабл учинок.
Никола Јокиќ против Индијана забележа 19 асистенции што е негов личен рекорд во НБА лигата. Вавата игра на актуелниот МВП придонесе шест играчи од тимот на Мајкл Мелоун да постигнат двоцифрен број на поени.
Најдобар стрелец беше Арон Гордон (25), го следеа од Мајкл Портер Јуниор (19), Кристијан Браун (17), Џамал Мареј (16) и Зик Наџи (14).
Кога станува збор за центрите, само Јокиќ и Вилт Чембрлен ги заземаат првите 25 места во историјата на НБА во однос на асистенциите по натпревар.
Most AST in a game by a Center:
21 — Wilt Chamberlain
19 — Nikola Jokic
19 — Wilt Chamberlain
18 — Nikola Jokic
18 — Nikola Jokic
17 — Nikola Jokic
17 — Nikola Jokic
17 — Nikola Jokic
17 — Wilt Chamberlain
16 — Nikola Jokic (11x) pic.twitter.com/e6RpAOxP6B— StatMamba (@StatMamba) February 25, 2025
Нападот на Индијана го предводеа четворица играчи: Мајлс Тарнер постигна 23 поени, Арон Несмит 17, Паскал Сиакам 19 поени, колку што постигна и Тајрис Халибартон кој имаше и 15 асистенции.
Спорт
(Видео) Жозе Мурињо влегол во судиската соблекувална по дербито со Галатасарај

Големото дерби на турскиот фудбал заврши без победник, 0:0. На крајот резултатот повеќе му одговараше на Галатасарај, кој ја задржа предноста од шест бода пред најголемиот ривал, Фенербахче
Резултатот, а и играта во дербито беа разочарувачки, мрежите останаа мирни. Фенербахче за нијанса беа подобри на теренот но тоа не успеа да го материјализира.
Претходно, челниците на турската суперлига, на барање на Фенербахче, го делегираа Словенецот Славко Винчиќ за главен судија. Него не му беше лесно, во текот на натпреварот, а и по неговото завршување.
Според турските медиуми, харизматичниот Португалец упаднал во соблекувалната и имал што да им каже на судиите. Сепак, според истите наводи, остана нејасно што им рекол Мурињо на судиите.
Мурињо и претходно имал вакви испади. Запаметени се неговите закани кон англискиот судија Ентони Тејлор, на кого Мурињо му се нафрли на паркингот на стадионот додека раководеше со Рома, а и по натпреварот против Севилја во финалето во Лига Европа.
İşte o görüntüler!
Mourinho, Slavko Vincic’in odasına gidiyor!
CANLI: https://t.co/EfyOhsm5OF pic.twitter.com/rJ2IGnKzaa
— Haluk YÜREKLİ (@Haluk_Yurekli) February 24, 2025
Спорт
Хорхе Мартин ќе ја пропушти првата трка во сезоната

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд.
Причината за ова е поради тоа што неговото опоравување од повредата е продолжено, објави неговиот тим Априлија.
Мартин се здоби со повеќе скршеници на раката и стапалото во несреќа што ја доживеа на почетокот на овој месец за време на предсезонските тестирања на патеката Сепанг во Малезија.
На негово место, тест возачот на тимот, Италијанецот Лоренцо Савадори, ќе се натпреварува во тимот на Априлија.
Првата трка во новата сезона, на патеката Буринам ќе се вози в недела од 15 часот.