Спорт
Момчето вредно 37 милиони фунти, Амад Дијало, е новата „19“ на „Олд Трафорд“

Амад Дијало официјално беше презентиран како фудбалер на Манчестер јунајтед по комплетирањето на трансферот од 37 милиони фунти од Аталанта добивајќи го бројот 19 во тимот на Оле Гунар Солскјер.
18-годишниот Дијало, за кого фановите на Јунајтед се надеваат дека е новиот Кристијано Роналдо, имаше пет настапи за сениорскиот тим на Аталанта пред Јунајтед да го земе откако го следеа повеќе од една година. Тој го добива бројот 19, кој пред него го носеа фудбалери како Маркус Рашфорд и Двајт Јорк.
„Бидејќи чекав од летото, конечно се оствари сонот и дојдов во Манчестер јунајтед. Јас сум многу амбициозен и има многу работи што сакам да ги остварам во фудбалот и кога разговарав со менаџерот, знаев дека дојдов во совршен клуб. Имаме возбудлив тим со многу големи фудбалери и ќе работам напорно од првиот ден за развој на мојата игра. Имав време да се подготвам за трансферот, физички и ментално“, вели Дијало.
Оле Гунар Солскјер најави дека Дијало ќе тренира со првиот тим иако не е сигурно кога ќе добие шанса да го има своето деби.
„Го следевме Амад повеќе години и верувам дека е највозбудливиот млад играч денеска. Манчестер јунајтед има горда историја на развој на млади фудбалери и тука Амад може да го оствари потенцијалот“, изјави Солскјер.
Amad Diallo’s first day at Manchester United ⚽ pic.twitter.com/AuhlF5pfCl
— B/R Football (@brfootball) January 13, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црвена звезда и Лече го договориле трансферот на Фалко

Италијанскиот напаѓач Филипо Фалко до крајот на оваа недела ќе потпише договор со Црвена звезда. „Скај Спорт Италија“, објави дека српскиот шампион на Лече, за услугите на Фалко, ќе им плати 1.500.000 евра.
Според овој извор, Црвена звезда и Лече се договориле, трансферот на Фалко, да биде платен во две рати.
Овој 28-годишен фудбалер, во актуелниот преоден рок имал понуди од Парма и Сасуоло. Понудите на клубовите кои играат во Серија ги одбил бидејќи не му гарантирале дека ќе биде стартер.
Фалко, во кариерата, бил играч на Болоња, Реџина, Јуве Стабија, Трапани, Чезена, Беневенто и Перуџа.
Спорт
Зидан: Јас сум виновен за поразот

Зинедин Зидан ја задржа присебноста и покрај сензационалната елиминација на Реал Мадрид од Купот на Шпанија. „Кралскиот клуб“, синоќа, со играч повеќе, во дополнителните 30 минути, беше поразен од членот на Третата лига, Алкојано со 2:1.
По овој шокатнтен пораз сериозно е разнишана позицијата на Зидан во Реал. Реал, против Алкојано, излезе со респектибилиен тим, од стартерите на теренот ги немаше Куртоа, Варан, Рамос, Модриќ и Карвахал, а во второто полувреме на теренот влегоа Азар, Бензема, Крос и Марко Асенсио.
„Мирен сум, мислам дека момците сакаа да победат. Мислам дека играчите се уште ми веруваат. Да почекаме, да видиме што ќе се случи во наредните неколку дена. Направивме неколку добри работи од почетокот на сезоната, за жал тоа не е така во последно време“, рекол Зидан по натпреварот.
„Ја прифаќам вината. Како тренер, јас сум одговорен“.
Спорт
Бруклин Нетс немоќни пред Секстон, брилијантна партија на Капела, Дончиќ со трипл-дабл

Бруклин Нетс, од формирањето на големата тројка, Харден-Дурент-Ирвинг, го доживеа првиот пораз. Нест се поразени од Кливленд Кавалирс со 147:135. Кливленд до победата го предводеше Колин Секстон со рекордни во кариерата 42 поени.
Големата тројка на Бруклин ја предводеше Дурент со 38 поени, 12 скокови и 8 асистенции, Харден забележа трипл-дабл (21 поен, 10 скока, 12 асистенции), а Ирвинг во првиот меч по паузата од четири натпревари постигна 37 поени.
Лука Дончиќ и Далас ја забележаа седмата победа во сезоната. Пред Маверикс падна Индијана Пејсерс (124:112). Дончиќ мечот го заврши со 13 поени и по 12 скока и асистенции. Најефикасен кај Далас беше Прозингинс со 27 поени, Кај Индијана се истакнаа Бронгдон со 26 и Сабонис со 26 поени.
Изминатата ноќ неколку кошаркари имаа неверојатни индивидуални остварувања.
Џоел Ембид постигна 42 поени, забележа и 10 скока во победата на Филалдлефија над Бостон 117:109.
Атланта, по едно продолжение, запиша триумф над Детроит 125:113.
Тре Јанг имаше 38 поени и 10 асистенции, брилијантен меч одигра Клинт Капела со 27 поени и 26 скокаови. Кај Детроит со 32 поени се истакна Џереми Грент.
Орландо со тројка во последната секунда дојдоа до победата над Минесота 97:96. Орландо го предводеше Црногорецот Никола Вучевиќ со 28 поени и 8 скока.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот