Спорт
Може да гледаме и мајсторки меѓу Ливерпул и Манчестер сити за титулата
До крајот на една од најнеизвесните сезони во Премиер лигата има уште две кола и иако Манчестер сити има поен предност пред Ливерпул, постои можност да гледаме и мајсторки, односно двомеч за одредување на титулата.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, знае дека титулата ќе биде загубена ако загубат од Њукасл в недела, а Сити победи против Лестер во понеделникот, но поверојатното сценарио е трофејот да се одлучува во последното коло кога Ливерпул го пречекува Вулверхемптон, а Сити патува кај Брајтон, кој уште може да се бори за опстанок во тој меч.
Сепак, постојат и четири сценарија, во кои, според „Би-би-спорт“, ќе се игра мајсторка и резултатите не се толку неверојатни. Значи, ќе гледаме мајсторка ако:
– Ливерпул победи со 5:0 и загуби со 2:1, а Манчестер сити ги одигра двата меча 0:0.
– Ливерпул победи со 4:0 и одигра реми 3:3, а Манчестер сити победи со 1:0 и загуби со 1:0.
– Ливерпул одигра две реми со 3:3, а Манчестер сити одигра 0:0 и загуби со 4:0.
– Ливерпул одигра реми 3:3 и загуби со 4:3, а Манчестер сити загуби со 3:0 и со 2:0.
Секако, првите две верзии се многу поверојатни, а Манчестер сити веќе има искуство со драматично освојување на титулата кога во 2011/2012 го освои трофејот со ист број поени со Манчестер сити и со подобра гол-разлика кога Серхио Агуеро постигна гол во судиското продолжение.
Досега ова не се случило во Премиер лигата, но во 1995/96 лигата беше подготвена за мајсторка во два меча на „Вембли“ за можен плејоф меѓу Манчестер јунајтед и Њукасл. На крајот, Јунајтед ја освои титулата со 4 поени предност.
Unlikely, but not impossible.
Here’s what would need to happen for a Man City v Liverpool Premier League title play-off.
? https://t.co/pzgTDL1mIc pic.twitter.com/3sp2r79lBM
— BBC Sport (@BBCSport) May 3, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Гол за „Пушкаш“ во режија на Пједраита
Името на Алехандро Пједраита, не е многу позанто во светот на фудбалот, но она што го направи Колумбиецот во дербито на Софија го направи хит на социјалните мрежи. Масовно се дели неговиот гол против Сзлавија.
Во 82-та минута, Колумбиецот го постигна единствениот гол за ЦСКА Софија во победата од 1:0 над нивниот голем ривал.
Интересно, ова е прв пат за Колумбиецот откако пристигна во Бугарија. Тој дојде како слободен агент оваа зима, откако му истече договорот со аргентинска Гимназија.
POTENTIAL PUSKAS WINNER 🤯🤯🤯
Colombian winger Alejandro Piedrahita with an absolute beauty for CSKA Sofiapic.twitter.com/dkJEpxebrV
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 21, 2026
🇧🇬 | Alejandro Piedrahita'dan sezonun golü. Olağanüstü. Puskas adayı.
⚔️ CSKA Sofia 1-0 Slavia Sofya
📷 @CSKA_Sofia pic.twitter.com/QnlD8roHL8
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) February 21, 2026

