Спорт
Можниот трансфер на Роналдо во Наполи зависи од Антони!

Кристијано Роналдо е подготвен да се приклучи на Наполи како позајмен играч, но договорот со „трампа“ за Виктор Осимен не зависи од двата клуба, туку од Ајакс и Антони, тврди „Ла газета дело спорт“.
Оваа недела се појави веста дека агентот на Роналдо, Жорге Мендеш активно бара клуб кој игра во Лигата на шампиони за Роналдо, со Наполи како најверојатна опција, но само доколку италијанскиот клуб се согласи да го продаде нигерискиот напаѓач, Виктор Осимен на „ѓаволите“. Јунајтед со договорот би ја плаќале високата плата на Португалецот.
Според „Газета“, Роналдо нема проблем да игра на „Стадио Диего Армандо Мараона“, а претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис сериозно ја разгледува оваа опција. Сепак, Јунајтед ќе направат официјална понуда само доколку не успеат да се договорат со Ајакс за трансферот на Бразилецот Осимен.
Тренерот на Наполи, Лучано Спалети вчера изјави дека секој тренер би сакал да работи со Роналдо, но не сакаше да шпекулира дали таков договор е можен.
L'intreccio che può portare Cristiano Ronaldo al Napoli: tutti i dettagli. Di @carlolaudisa #calciomercato https://t.co/rGUYlEUtQI
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) August 27, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спанулис и Мотејунас се вишок во Монако

Искусниот плејмејкер, Ник Калатес, и литванскиот центар Донатас Мотејунас нема да бидат во плановите на Монако за претстојната сезона, објавуви „БиБаскет“.
Двајцата кошаркари имаат важечки договори, но клубот одлучи да оди во поинаква насока.
Мотејунас (35) веќе го привлекува интересот на неколку екипи од Евролигата, додека ситуацијата со Калатес би можела да биде покомплицирана поради здравствени проблеми.
Калатес, рекордер во Евролигата по број на асистенции, одигра само 13 натпревари во сезоната 2025/26 поради повреди. Тој имаше просек од 3,7 поени, 3,8 асистенции и 2,2 скока за нешто повеќе од 17 минути на теренот.
Мотејунас играше на 23 натпревари и имаше просек од 6,4 поени и 3,1 скока за 14 и пол минути игра.
Во исто време, „БиБаскет“, наведува дека се очекува заминувањето на бекот Џордан Лојд, кого детали го делат од трансфер во Анадолу Ефес.
Спорт
Гвардиола дал зелено светло Сити за трансферот на Коби Мејну

Пеп Гвардиола дал зелено светло за трансфер помеѓу два клуба од Манчестер, тврдат англиските медиуми. Низ историјата речиси и да немало трансфери меѓу клубовите од Манчестер.
Трансфер на играч од Сити во Јунајтед или обратно немало уште од 1999 година, кога Тери Кук од Јунајтед се пресели во Сити. Претходно голманот Тони Котон се пресели од Манчестер сити на „Олд Трафорд“ во 1996 година.
Тој никогаш не одигра ниту еден настап во Премиер лигата за Манчестер јунајтед, бидејќи Питер Шмајхел беше брилијантен на голот.
Трансфер меѓу двата клуба може да има веќе во зимскиот преоден рок. Наводно Пеп Гвардиола им одобрил на челниците на Манчестер сити да го реализираат трансферот на Коби Мејну.
„Одличениот млад фудбалер сè уште чека на својот прв старт во Премиер лигата оваа сезона, а тоа многу го фрустрира“, пишуваат медиумите во Англија.
Мејну сакаше да оди на позајмица пред да заврши преодниот рок, но тоа на крајот не се случи.
Сега Манчестер Сити сака да го доведе на Етихад, а тоа би бил навистина шокантен трансфер за овој играч кој има 20 години.
Пеп Гвардиола, човек кого многумина го сметаат за еден од најдобрите тренери во светот, гледа голем потенцијал во Мејну.
„Начинот на игра на Мејну е нешто што го воодушевило Гвардиола и тој верува дека неговиот систем на игра би се вклопил совршено во Сити“, тврдат новинари од Англија.
Иако трансферите помеѓу Манчестер сунајтед и Манчестер сити се многу ретки, Гвардиола верува дека постои шанса трансферот да биде реализиран.
Спорт
(Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл, дебакл на Галатасарај во Франкфурт

Големото дерби од првото коло од Лигата на шампионите на „Етихад“ заслужено им припадна на „Граѓаните“: Манчестер Сити го победи Наполи со 2:0.
Во центарот на вниманието беше довчерашниот капитен на „Граѓаните“, Кевин Де Брујне, со кого си поигра судбината. Тој го имаше своето деби за Наполи во Лигата на шампионите против „својот“ Сити, но беше заменет во 25-та минута.
Едноставно, Антонио Конте мораше да жртвува некого кога Ди Лоренцо доби директен црвен картон и реши да го направи тоа поранешниот капитен на Сити.
Од тој момент Сити нападна со сите оружја, но Вања Милинковиќ Савиќ беше одличен на голот на гостите. Тој го чуваше својот гол брилијантно, имаше шест одбрани во првото полувреме.
Сепак, во продолжението од натпреварот, тој и Наполи не издржаа со еден играч помалку.
Прво, Ерлинг Холанд ја потврди својата одлична форма и го доведе Сити во водство, а конечниот резултат го постави Дока со првиот гол во сезоната.
На другиот крај од Англија, во Њукасл, домаќинот и Барселона одиграа просечен натпревар. Славеа Каталонците со головите на поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.
Првото полувреме донесе само една шанса, пред голот на Барселона, но Барнс не успеа да го совлада Гарсија.
Во вториот дел Рашфорд во 56-та минута со глава го постигна првиот гол, а девет минути подоцна ја скина мрежата на Пуоп. До крајот во 90-та минута Гордон успеа само да го намали резултатот.
Ајнтрахт во Франкфурт го декласира Галатасарај. Турскиот шампион кој вложи многу во тимот оваа сезона загуби со 5:1. Акгун му донесе предност на Галатасарај по само осум минути игра и тој резултат на семафорот стоеше до 37.минута, кога изедначи Доан. До крајот на првиот дел играчите на Ајтрахт во втората и четвртата минута од судиското надополнување на времето, постигнаа два гола, преку Узун и Буркарт. Овој вториот со уште еден гол ја зголеми предноста во 66-та, а Кнауф во 75-та минута стави точка на натпреварот.
Убедливи на домашен терен беа и играчите на Спортинг против дебитантот Каират (4:1).
Лошо започна мечот за Спортиг, Хјумланд не реализираше пенал. Тринкао погоди за 1:0 во претпоследната минута од првиот дел. Второто полувреме започна со две големи шанси за Каират. Гостите не реализираа, по што следуваше сурова казна, три гола за три минути. Тринкао постигна гол во 65-та, Алисон две минути подоцна, а во 68-та минута стрелец беше и Кенда. Првиот гол во историјата на Каират во Лигата на шампионите го постигна Едмилсон во 86-та минута.