Спорт
Mozzart и „ОЦР Кучково 2025“ – каде што природата и спортот создаваат непобедливи херои

Трета година по ред, компанијата Mozzart стои зад една од најекстремните и највпечатливи трки во Македонија „ОЦР Кучково 2025“, организирана од Здружението за спортски игри со препреки „ОТАКУ Скопје“.
Овој спортски спектакл, кој важи за еден од најпосетените настани во земјава, повторно блесна во препознатливите сино-жолти бои.
Лидерот во приредување игри на среќа, и оваа година учествуваше со свој тим од осум натпреварувачи, кои храбро се соочија со предизвиците на патеката и го оправдаа слоганот на тимот “Непобедливи”.
„Оваа година ги имавме сите услови за најдобрата OCR трка досега – кал, дожд и препреки изработени по највисоки стандарди за овој спорт, кон кои целиме уште од првата OCR трка во Леуново. Горди сме што по петти пат ја организиравме оваа спортска приказна, и тоа првпат како дел од Светската и Европската OCR федерација. Во патеката и препреките вложивме многу труд за да им понудиме на учесниците вистинско искуство исполнето со предизвици и силни емоции. Ова е можеби најтешката трка во Македонија како од тркачки така и од логистички план. Искрена благодарност до нашиот главен спонзор Mozzart, без кого оваа трка немаше да биде возможна, како и до клубовите и заедницата што се со нас од првиот ден”, изјави Марија Алексова, претседател на здружението „ОТАКУ Скопје“.
По завршувањето на трката, вработените од Mozzart организираа еко-акција за чистење на излетничкото место, со што уште еднаш го потврдија својот ангажман за зачувување на природата и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.
„Ова е трета година по ред како ја поддржуваме трката ОЦР Кучково 2025. Без сомнение ќе кажам дека ова е еден од најубавите спортски настани кај нас, каде владее натпреварувачки дух но и многу дружба. Под слоганот ‘Непобедливи’, за нашиот тим се натпреваруваа осум тркачи. Покрај поддршката на трката, реализирана беше и еко акција за чистење на излетничкото место каде се одржуваше трката. Ваквите и слични настани секогаш ќе ја имаат поддршката од нашата компанија”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Со активно учество и поддршка на вакви иницијативи, Mozzart не само што го зајакнува тимскиот дух меѓу вработените, туку и го потврдува значењето на слоганот – Непобедливи.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ со победа стартуваше во Шангај

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 54 минути.
Првиот сет Ѓоковиќ го реши во тај-брејк, откако ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка, додека Чилиќ пропушти две во 11-от гем.
Чилиќ, кој играше можне добро во тај-брекот се распадна. Го освои првиот поен, на крајот 13-от гем му припадна на Ѓоковиќ со 7:2.
Добрата игра од финишот на првиот сет, Ѓоковиќ ја пренесе во вториот, во третиот гем направи брејк, а потоа беше мошне сигурен во своите сервис гемови и го доби Чилиќ 20-ти пат во нивниот 22-ри меч.
Инаку ова беше „најстариот“ меч во историјата на турнирите од Мастерс серијата. Ѓоковиќ и Чилиќ заедно имаат 75 години и 139 дена.
Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против Ханфман кој го победи Френсис Тијафо со 6:7 (9:11), 6:2, 6:1
Спорт
Спалети ја одби, Консеисао ја прифати понудата од Ал-Итихад

Трофејниот италијански тренер Лучано Спалети беше главен кандидат да го преземе тимот на шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Итихад, откако ја одби понудата, клубот од Џеда, реши да го ангажира Серж Консеисао.
Спалети ја напушти функцијата селектор на Италија ова лето и со месеци има понуди каде што би можел да ја продолжи тренерската кариера, но очигледно не брза бидејќи смета дека првенството на Саудиска Арабија не е доволно привлечно.
Затоа, клубот се одлучи за Консеисао, а според португалските медиуми, тренерот кој последен пат работеше во Милан дал потврден одговор.
Двете страни постигнале договор и сè што останува е да се одреди времетраењето на договорот, па Консеисао и официјално ќе биде промовиран како нов тренер на Ал-Итихад.
По поразот во дербито против Ал Наср, тимот доживеа колапс и во Азиската Лига на шампиони против Ал-Ахли од Дубаи.
Офоцијалното деби Консеисао треба да го има на 17 октомври.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Преку глава им е од тренерот – Навивачите на Форест побараа Постекоглу да биде отпуштен

Ангелос Постекоглу беше во својот 24-ти ден како менаџер на Нотингем Форест кога Митјиланд дојде на „Градскиот стадион“, во четврток вечерта. Речиси три децении, точно 29 години, навивачите чекаа европски натпревар на нивниот стадион. Натпреварот заврши со скандирањето „утре ќе добиеш отказ“.
За само 24 дена и шест натпревари, Постекоглу успеа да стане најлошиот менаџер во историјата на Нотингем Форест.
Тој е првиот менаџер по сто години кој не успеа да забележи ниту една победа во првите шест натпревари. Навивачите веќе немаат трпение, причина е поразот од Митјиланд (2:3).
„Навивачите се разочарани. Секако дека можат да го имаат своето мислење. И јас го слушнав“, рече Постекоглу по натпреварот. „Ништо не ме изненадува во фудбалот. Тоа е климата во која живееме и работиме и насоката во која оди сè, не можеме ништо да направиме во врска со тоа“, додаде тој.
Скандирањата „утре ќе добиеш отказ“ започнаа по третиот гол на гостите, а потоа, помеѓу тоа и свирежите, фановите го скандираа името на Нуно Еспирито Санто.
Нуно го водеше Форест до седмото место во Премиер лигата, но несогласувањата со сосптвеникот Маринакис, беа причината да добие отказ. Минатата недела тој доби работа во Вест Хем.
Нотингем Форест, в недела ќе гостува кај Њукасл во Премиер лигата.