Спорт
Mozzart продолжува со поддршка на локалните спортски турнири
Компанија Mozzart која е позната по своите општествено одговорни активности, особено во помагање на спортот на сите нивоа, без разлика дали се работи за поддршка на спортски клубови или спонзорство на различни спортски настани, продолжува и овој месец со уште една во низата вакви активности.
Во текот на месец август во Скопје, во спортскиот центар Мршевци се одржуваше турнир во мал фудбал, кој традиционално се реализира осма година по ред, а Mozzart се појавија како спонзори и го поддржаа настанот.
![]()
„Големи настани може да бидат организирани само со однапред добро изработен план и сериозни партнери. Оттаму изразуваме огромна благодарност до компанијата Mozzart која ја поддржа нашата идеја за организација на осмиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2022” и како еден од генералните спонзори придонесе за подобра организацијата на турнирот.
Покрај спортскиот дел, во рамки на настанот имавме и забавен дел со секојдневна музичка програма, дополнително беше организиран и спектакуларен концерт на српската поп рок атракција Амадеус бенд, со што приредивме одлична збава и дружење како за учесниците така и за големиот број посетители. Секако и во наредните години ќе продолжиме со организација на турнирот и се надеваме дека компанијата Mozzart ќе остане наш партнер, а се надеваме и на на подршка од страна на други компании со цел настанот да прерасне во традиција и континуирано да го издигнуваме на повисоко ниво.“ – изјавија организаторите на турнирот.
![]()
Овој проект опфаќа спортска активност, дружење и забава, како за учесниците, така и за посетителите кои доаѓаат од целата држава, а во минатите години имале и посетители и учесници од соседна Р. Србија. На турнирот се натпреваруваа 32 екипи поделени во 8 групи, а за најдобрите покрај пехар следуваа и парични награди во вкупна вредност од над 250.000 денари.
„Со задоволство ја поддржавме оваа спортска манифестација која ја имаме помагано и претходно. Дополнително, нашиот промо тим придонесе кон одличната атмосфера меѓу посетителите и подели различни подароци. Се надеваме дека ќе продолжат да ја негуваат традицијата и да го организираат овој турнир и во наредните години.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart.
Победник на турнирот е екипата „Кај Џек“ која минатата година доби комплетно нова спортска опрема од компанија Mozzart во рамки на нивната кампања „Нови дресови за нови шампиони“ преку која со години ги помагаат локалните спортски колективи и донираат спортска опрема.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

