Спорт
„Му бев цимер на Марадона, а се срамев поради тоа“

Поминаа две недели од смртта на идолот на многу генерации – Диего Армандо Марадона.
Имаше луѓе кои го обвинуваа, но и од оние кои го величеа, сепак преовладуваат коментарите дека тој бил само „обичен тип“.
Еден од оние кои смета дека Марадона воопшто не бил вообразен тип е неговиот поранешен соиграч од аргентинската репрезентација, Ариел Ортега.
„Се случи во 1994 година да делам соба со Марадона. Мислам дека сме ретки ние кои тоа го доживеавме. Јас дури не ни сакав да бидам со него во соба, да му бидам цимер, чувствував срам, се срамев поради тоа“ раскажува Ортега.
Тој на СП во САД во 1994 година имал само 20 години, и имал чест да дели иста соба со Марадона кој тогаш со 33 години беше прва ѕвезда на „гаучосите“
„Ми рече дека собата е моја, да преземам контрола и дека можам да правам што сакам. Тоа ми се чинеше неверојатно, како јас да сум Марадона, а тој Ортега“ вели екс-репрезентативецот на Аргентина.
Ортега важеше за еден од најголемите таленти на Ривер Плата, но кариерата во Европа не му беше сјајна.
Играше за Валенсија, Сампдорија и Парма, а многумина веруваат дека можеше и повеќе. Сепак за него деновите поминати со Марадона ќе останат во вечно сеќавање.
„Тогаш ја открив другата страна на личноста на Марадона, онаа хуманата. Беше фантастична личност“ порача Ортега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тимот на деценијата според ИФФХС

Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го избра тимот на деценијата.
Според одиграните натпревари, постигнатите голови, освоените трофеи…во тимот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика, нема нема никакви изненадувања.
Во формација 4-3-3 голман е Мануел Ноер, во одбраната се Филип Лам, Серхио Рамос, Вирџил ван Дајк и Марсело, во редот за врска покрај Тони Крос и Лука Модриќ е и Андрес Иниеста.
Нападот го предводат Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роберт Левандовски.
Овој тим од клупата би го предводел Диего Симеоне кого Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика, пред две недели го избра за тренер на деценијата.
Спорт
Мијовиќ повеќе не е тренер на КК Будуќност

Петар Мијовиќ повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица. Младиот стратег поднесе оставка, по поразот од Виртус во Болоња, во рамките на Европкупот. Поразот од Виртус беше трет во низа за Будуќност, по двата порази од Цедевита Олимпија во АБА лигата и Европкупот.
Мијовиќ сметал дека неговата оставка е најдобро решение за клубот да се врати на победничкиот колосек.
Будуќност, во АБА лигата има скор од 11 победи и три порази, додека во Топ 8 фазата во Еврокупот има победа и два порази.
Оставката на тренерот ја потврди и клубот на официјалната страница.
Мијовиќ во Будуќност беше тренер од 2017 година, најпрвин како предводник на младинскиот тим, а потоа и како тренер на првата екипа. Евролигата го прогласи за еден од десетте најдобри млади тренери во Европа.
Спорт
Јунајтед од Шефилд му приреди „кошмар“ на Јунајтед од Манчестер

Манчестер јунајтед доживеа шокантен 1:2 пораз на „Олд Трафорд“ од тимот на Шефилд јунајтед, убедливо последнопласираниот клуб во Премиер лигата и клуб кој цела сезона има остварено само уште една!
Со овој резултат, Јунајтед не успеа да се врати на првото место на табелата и сега заостанува еден поен зад Манчестер сити, кои дополнително имаат и уште еден натпревар помалку.
Кин Бурк во 23. минута успеа да го совлада Давид де Хеа за шокантно водство на „блејдс“, по што следуваше иницијатива на Јунајтед, која дури во 64. минута резултираше со израмнување преку капитенот Хери Мегвајр. Само десет минути подоцна, повторно „студен туш“ за „ѓаволите“, Оливер Бурк упати удар, кој од ногата на Туанзебе заврши зад грбот на Де Хеа.
На „Гудисон парк“ пак, Хамес Родригез постигна прекрасен гол, но тој не беше доволен за победа на Евертон над Лестер, откако Јан Тилеманс во второто полувреме израмни и спречи „карамелите“ да избијат пред Ливерпул на табелата.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 20.КОЛО
Брајтон – Фулам 0:0
Евертон – Лестер 1:1
Манчестер јунајтед – Шефилд јунајтед 1:2
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома