Спорт
Му викнале полиција на гласниот Доминик Тим мислејќи дека снима порно-филм!

Загрижените соседи му повикале полиција на австрискиот тенисер Доминик Тим, верувајќи дека тој снима порно-филмови во неговиот тренинг-центар во Трајскирхен.
28-годишниот Тим тренира во австриското село Трајскирхен во обид да се врати на тенисот по долгорочната пауза поради повреда на зглобот на раката, и соседите биле вознемирени од звуците кои се слушале од имотот на поранешниот светски број 3. Австриските медиуми тврдат дека загрижените соседи се изнервирале од гласното стенкање кое траеле повеќе од еден час и побарале полицијата да ги реши проблемите. Но, кога тие пристигнале, го нашле Тим како удира тениски топчиња и поранешниот шампион од САД опен не се налутил.
„Ова не е првпат луѓето да се жалат на такви звуци, го знам тоа од моите јуниорски денови. Мене тоа секогаш ми е смешно и помалку ги разбирам, бидејќи звуците можат да бидат гласни и чудни. Го тренирав горниот дел од телото, така што можеби ме виделе и си помислиле дека сум многу згоден“, вели Тим за „О3 радиото“.
Police spoke to tennis ace Dominic Thiem when neighbours thought he was 'shooting porn'https://t.co/jRQ1Pl6WBc pic.twitter.com/LQmrxTRJ41
— Daily Star Sport (@DailyStar_Sport) June 18, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нкунку стави потпис во Париз, ама за нов договор со Лајпциг

Францускиот интернационалец Кристофер Нкунку и следната сезона ќе го носи дресот на Лајпциг, а ќе потпише и нов договор. Тој ќе ја продолжи соработката со германскиот тим до 2026 година, а следното лето ќе има отштетна клаузула од 60 милиони евра.
Нкунку се согласи со условите на Лајпциг, што го направи најплатен играч во клубот. Она што е интересно е што договорот е потпишан во Париз.
Пари Сен Жермен имаше намера да го врати Нкунку во Париз од каде што потекнува, но тој очигледно и понатаму ќе остане во Германија.
Францускиот офанзивец на тој начин ќе се обиде да ја повтори блескавата година што ја имаше зад себе. На 50 натпревари даде импресивни 35 гола, со 19 асистенции.
Спорт
Бајиќ ги одреди кошаркарите за мечевите против Шпанија и против Украина

Селекторот на машка сениорска репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА прозорец од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите, закажан за 1.јули, кога гостуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за потесен список од 14 кошаркари. На него се наоѓаат и младите сили, Рубин Стефанов, Андреј Јаккимовски и Теодор Симиќ.
Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден да биде на 25. јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во 10 часот, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето за Шпанија.
Инаку, освен дуелот со Шпанија во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.
На 4. јули, во „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18 часот, ќе гостува селекцијата на Украина.
Спорт
Македонија падна две позиции во рангирањето на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија има пад од две позиции на најновото рангирање на ФИФА и сега се наоѓа на 64.место. Нашата селекција забележа две победи, но против аутсајдерот Гибралтар, а ремизираше против Бугарија и доживеа пораз дома од Бугарија во четирите натпревари од јунската сесија во Лигата на нации.
Од ривалите на нашата група во Лигата на нации, најдоброрангирана е Бугарија која е 74. во светот. Грузија е рангирана на 82. место, додека Гибралтар е на 201.позиција.
На врвот на ранкингот на ФИФА е селекцијата на Бразил, пред Белгија и пред Аргентина, а потоа следуваат селекциите на Англија и на Шпанија.