Спорт
Мудрик: Пресреќен сум што потпишав за Челси!
Иако претходно преку своите постови на социјалните мрежи ги „подгреваше“ надежите на навивачите на Арсенал со гледање на нивните мечеви и фалењето на менаџерот Микел Артета, Михајло Мудрик стана фудбалер на Челси, појавувајќи се денеска со газдите на „сините“ на „Стемфорд Бриџ“.
„Пресреќен сум што потпишувм со Челси. Ова е огромен клуб, Премиерлигата е фантастична лига, а Челси се атрактивен проект за мене во овој дел од мојата кариера. Едвај чекам да ги запознаам моите соиграчи и да почнам со работа по Греем Потер“, изјави Мудрик.
Шахтјор потврдија дека Челси ќе платат 70 милиони евра веднаш и дополнителни 30 милиони евра во бонуси.
„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Михајло, кој е огромен талент и големо засилување на нашиот клуб за овој моменти за иднината. Знаеме дека ќе добие топло добредојде од нашите навивачи“, вели претседателот на Челси, Тод Бели.
Mykhailo Mudryk has finalised his move from Shakhtar Donetsk after agreeing personal terms with the Blues. 🤝
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 15, 2023
🧡 Thanks, Mykhailo! Mudryk moves to @ChelseaFC.
The transfer set the record in the history of Shakhtar and Ukrainian football.
Find out the agreement details: https://t.co/viwN2QPf0J.#Shakhtar #FreeMudryk pic.twitter.com/741f8zFVgc
— FC SHAKHTAR ENGLISH (@FCShakhtar_eng) January 15, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата
Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4:0 над Украина.
Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда.
Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико е веќе обезбедена, нема потреба најдобриот играч на Франција да се изложува на ризик во натпреварот од последното коло од Групата Д со Азербејџан (недела, 18.00 часот).
26-годишникот веќе се врати во Мадрид, каде што ќе се одмори и ќе ја санира повредата пред да ги продолжи клупските обврски.
Заедно со Мбапе, во Мадрид се врати и Едуардо Камавинга, неговиот соиграч од Реал.
„Камавинга претрпе истегнување на тетивата на левата нога. Мбапе сè уште страда од воспаление на десниот глужд, што бара дополнителни тестови. Тие ќе бидат подложени на нови тестови денес во Мадрид“, се вели во соопштението на Француската фудбалска федерација.
Спорт
Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар
Ландо Норис и Оскар Пјастри водат голема борба за титулата во шампионатот во Формула 1.
Двајцата се возачи на Мекларен и тоа ја прави борбата уште поинтересна. Моментално, Норис има предност од 24 поени, а до крајот на шампионатот остануваат уште три трки.
Многумина мислат дека постои големо соперништво меѓу Норис и Пјастри надвор од патеката. Сепак, младиот Австралијанец го негираше тоа.
„Ландо и јас одлично се согласуваме. Мислам дека нашиот однос никогаш не бил подобар. Причината е едноставна. Три години сме клупски колеги и секој ден се запознаваме сè подобро и подобро“, рече Пјастри.
Следната трка во шампионатот е на 22 ноември, во Лас Вегас.
Спорт
Гатузо им се налути на навивачите
Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, остро одговори на критиките, бидејќи неговиот тим го скрши отпорот на Молдавија (0:2) во квалификациите за Светското првенство во финиошт с голови во 88-та и 93-та минута.
Додека резултатот сè уште беше 0:0 кон крајот на натпреварот, мала група италијански навивачи почна да протестира, скандирајќи им на играчите „да одат на работа“. Гатузо не се согласи со нивните критики, нагласувајќи дека тимот играл добро.
„Протестите на навивачите се срамота, жал ми е за она што го слушнав. Ова не е време да им кажуваме на играчите да одат на работа. Мора да останеме обединети бидејќи тимот се мачи на теренот, а да слушам 500 навивачи кои зборуваат секакви работи е нешто што не го прифаќам“, рече Гатузо.
Италија сè уште може, во теорија, да се квалификува за Светското првенство како победник во Група И. Тие се три бода зад Норвешка, нивниот следен и последен противник во групата, но ќе им треба многу убедлива победа (со разлика од девет гола) за да ја поништат гол-разликата. Затоа, „аѕурите“ ќе ја бараат својата шанса преку баражот.
Италијанската репрезентација последен пат учствуваше на Светското првенство во 2014 година. Ги пропушти турнирите во 2018 и 2022 година по тешките порази во плејофот од Шведска и Македонија.

