Спорт
Мукаетов ќе биде реизбран за претседател на РФМ

Актуелното раководство на РФМ предводено од Живко Мукаетов ќе продолжи да го води ракометот и во следните четири години. Сите делегати и здруженија се едногласни по тоа прашање и ќе биде официјализирано следната недела.
Редовното изборно Собрание на РФМ ќе се одржи на 31 јануари во Скопје. Единствен кандидат за претседател на РФМ ќе биде актуелниот, Живко Мукаетов.
Сите клубови дадоа поддршка за Живко Мукаетов да остане на чело на федерацијата и во следните четири години. Поддршката е посмена, заверена со потпис и клупски печат. Според регулативите, еден клуб не може да даде поддршка за два кандидата, следствено на тоа друг кандидат за претседател нема да има, а изборот ќе биде едногласен.
Собранието ќе се одржи на 31 јануари во „Александар Палас“ со многу строги мерки за заштита од Ковид-19. Делегатите што ќе учествуваат на собранието, а и сите што ќе бидат дел од настанот ќе бидат тестирани со брзи тестови и ќе мора да почитуваат уште низа мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Картичка со ликот и потписот на Том Брејди продадена за 1,32 милиони долари

Картичка од 2000 година, со ликот и потписот на најтрофејниот квотербек во историјата на НФЛ лигата, Том Брејди, на он-лајн аукција е продадена за неверојатни 1,32 милиони долари.
Милионска сума, за картичката од серијата „2000 Playoff Contenders Championship Ticket“, издвоил познатиот колекционер на картички, инаку голем фан на Брејди, Џејмс Парк.
„Форбс“, богатството на овој бизнисмен, го проценува на 600 милиони долари.
Претходниот рекорд, за една ваква картичка е поставен минатиот месец, кога за картичка со ликот на Патрик Махонс биле платени 861.000 долари.
Том Брејди (43), во моментов е играч на Тампа Беј Баканирс. Со овој тим тој неодамна го освои седмиот шампионски прстен во кариерата.
Бреји в НФЛ игра од 2000 година, кога како 199 пик, во шестата рунда на драфтот, бил избран од Њу Ингланд Петриотс.
A Tom Brady championship ticket rookie card, in an 8, has been sold for $1.32 million by @pwcc.
The same card, in an 8.5, was sold last month by @RickProbstein’s @probstein123 for $1.7M.
Probstein asked 3 of 7 people with a 9 if they would take $5M for the card.
All said no. pic.twitter.com/DNFA74GfNu
— Darren Rovell (@darrenrovell) March 5, 2021
Спорт
Ф1 и оваа година ќе се вози во Португалија

Челниците на Формула 1 потврдија дека трката за Големата награда на Португалија ќе се вози и оваа година. Според најновиот распоред, Португалија ќе биде третата трка во календарот. Викендот во Портимао ќе се одржи од 30.април до 2.мај. Минатата сезона Формула 1 дебитираше во Портимао.
Коронавирусот предизвикува организациски проблеми во календарот. Трката во Австралија, со која традиционално започнува сезоната, ќе се вози на 21.ноември, додека Големата награда на Кина нема да се вози и оваа година.
Сезоната во Формула 1 ќе започне на 28.март, со трката за Големата награда на Бахреин. Трката на патеката „Сакир“, е прва од рекордните 23 трки што ќе се возат оваа година.
Спорт
НБА: Победи за Портланд, Милвоки, Денвер…

Девет напревари се одиграа во НБА-лигата пред паузата поради олстар-натпреварот, кој ќе се одигра в недела.
Во најдраматичниот натпревар Милвоки победи во Мемфис со 112:111. Победата ја реши Џру Холидеј со поените постигнати на пет секунди до крајот на натпреварот. Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 26 поени и 11 скока, на спротивната страна најдобар беше Џа Морент со 35 поени.
Драматично беше и во Портланд, каде што Демијан Лилард на својот тим му ја обезбеди победата над Сакраменто 123.119. Лилард 10 од своите 44 поени постигна во последните три минути. Брилијантен меч за Портланд одигра и Енес Кантер (22 поени и 21 скок). 32 поена за Сакраменто постигна Диерон Фокс.
Вашингтон ја продлабочи кризата на ЛА Клиперс. Вашингтон победи 119:117 предводен од првиот стрелец во лигата Бредли Бил, кој постигна 33 поени, Расел Вестбрук забележа 27 поени, девет скока и 11 асистенции. Клипрс го запиша шестиот пораз на последните 10 натпревари. Ивица Зубац имаше дабл-дабл од 13 поени и исто толку скокови, а Каваи Ленард постигна 22 поена.
Четвртата победа во низа Денвер Нагетс ја забележа против Индијана Пејсерс. Нагетс победи 113:103. Мајкл Порттер јуниор го предводеше Денвер со 24 поени и 12 скока, Никола Јокиќ имаше 20 поени, 12 скока и осум асистенции.
Резултати:
Бостон – Торонто 132:125
Вашингтон – ЛА Клиперс 119:117
Њујорк – Детроит 114:104
Индијана – Денвер 103:113
Мемфис – Милвоки 111:112
Њу Орлеанс – Мајами 93:103
Сан Антонио – Оклахома 102:107
Финикс – Голден стејт 120:98
Портланд – Сакраменто 123:119
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“