Спорт
Муричи кај Мурињо во Фенербахче

Фудбалскиот клуб Фенербахче е подготвен да плати 10 милиони евра за играчот на Мајорка Ведат Муричи, објавија шпанските медиуми.
Напаѓачот на Фенербахче, Јусеф Ен Несири по само шест месеци би можел да замине од Фенербахче во Саудиска Арабија. Фенербахче за неговиот трансфер на Севилја и плати 19 милиони евра.
Тие пари клубот може да ги врати со продажбата на Ен Несири во Саудиска Арабија, а дел од нив клубот ќе инвестира во трансферот на Ведат Муричи. Медиумите во Турција објавија дека Фнербехче на Мајорка и понудил 10 милионие вра за репрезентативецот на Косово.
Инаку Муручи во сезоната 2019/2020 настапуваше за Фенербахче, потоа се пресели во Лацио какде што не се снајде. Од Рим замина на позајмица во Мајорка, која потоа го откупи неговиот договор.
И покрај тоа што е стандарден во првиот тим на Мајорка, сезонава Муручи е во сенка на соиграчот Кајл Ларин. Поради формата на Ларин, челниците на Мајорка ќе му дозволат на Муричи да го напушти клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арне Слот: Тешко е да се прифати, но поразот ги открива нашите слабости

Менaџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја изрази својата фрустрација по првиот пораз на тимот во Премиер лигата оваа сезона, истакнувајќи ја слабата игра при одбрана на статични позиции.
Ливерпул загуби со 2-1 на „Селхерст Парк“ од Кристал Палас, откако Исмаила Сар и Еди Нкетија го искористија корнерот и долгото додавање за победа, прекинувајќи го перфектниот старт на тимот.
И покрај одличниот настап на голманот Алисон Бекер, одбраната на Ливерпул имаше проблеми низ целиот натпревар. Слот посочи дека слабостите при статични ситуации веќе не се случајни.
„Минатата сезона тоа беше едно од нашите најсилни оружја, а сега примивме по два гола против Њукасл и Кристал Палас. Во оваа лига статичните позиции стануваат сѐ поважни, и ако сакаш да се бориш на врвот, мораш да имаш позитивен биланс во нив.“
Тој исто така истакна дека погодокот на Еди Нкетија во судиското продолжение е тежок за прифаќање, но фер поради дополнителното време.
„Секогаш е болно да примиш гол во завршницата, но имаше и замена, па половина минута дополнително беше оправдана. Мора подобро да се браниме при долгите додавања и да извлечеме поука од вакви натпревари.“
Спорт
Чаби Алонсо: Загубивме заслужено и судиите немаат ништо со тоа

Реал Мадрид доживеа убедлив пораз од 5-2 во дербито со Атлетико Мадрид, прв под водство на Чаби Алонсо. По мечот, тренерот призна дека тимот не бил на потребното ниво и дека проектот што го гради е сè уште во развој.
„Одигравме лош натпревар, ниту колективно, ниту индивидуално. Не бевме на висина ниту со топка, ниту без неа. Ова е прв пораз сезонава, но ќе продолжиме напред. Нема оправдувања, поразот беше заслужен. Ова е дерби и навистина боли кога вака ќе се загуби“, изјави Алонсо.
Тој посочи дека недостатокот на интензитет и концентрација бил клучен:
„Не се натпреварувавме на нивото што го бара ваков меч. Во дуелите бевме пасивни, со топка не наоѓавме решенија, а играта не течеше. Атлетико нè притискаше и ние не успеавме да одговориме.“
Алонсо додаде дека вината е исклучиво во играта на тимот, без врска со судиите:
„Ова што се случи нема врска со судиските одлуки. Поразот беше заслужен.“
Спорт
Јувентус и Аталанта и понатаму се непоразени, а ремизираа во Торино

Јувентус и Аталанта одиграа реми 1-1 во петтото коло на Серија А на стадионот „Алијанц“. И покрај очекувањата за динамичен дуел со голови, натпреварот мина во силна борба, со малку реализирани шанси.
Во првиот дел, Аталанта ја имаше првата шанса преку Никола Крстовиќ, додека за Јувентус најопасен беше Аџиќ.
Водството за Аталанта дојде во судиското надополнување на првиот дел, кога Камалден Сулејмана реализираше од одлична акција.
Во вториот дел, Аталанта се закани преку Марио Пашалиќ, а во 79. минута Хуан Кабал постигна погодок за израмнување на 1-1.
Минута подоцна, Де Рон заработи црвен картон по втор жолт картон, давајќи предност на Јувентус, но домаќините не успеаја да ја искористат и мечот заврши со поделба на бодовите.