Спорт
Мурињо го разбива митот за повредите во Ливерпул
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, повторно покажа дека е мајстор на менталните игри во фудбалот кога пред утрешното дерби со Ливерпул ги отфрли тврдењата на Јирген Клоп дека „црвените“ се во криза со повреди.
На Ливерпул ќе им недостигаат неколку редовни првотимци, како дефанзивците Виргил ван Дајк и Џо Гомез, плејмејкерот Тијаго Алкантара и напаѓачот Диого Жота, а во аут се и Жоел Матип, Џердан Шаќири и Џејмс Милнер.
Мурињо смета дека, освен Ван Дајк, кој е во аут повеќе месеци со повреда на коленото од октомври, другите повреди не се вредни за споменување.
„Алисон не е повреден. Александер-Арнолд не е повреден. Матип верувам дека ќе игра. Фабињо не е повреден. Робертсон не е повреден. Хендерсон не е повреден. Вајналдум не е повреден. Салах не е повреден. Фирмино не е повреден. Мане не е повреден. Ван Дајк е повреден и Ван Дајк е многу добар фудбалер, тоа е сигурно. Дајте ми ја листата на повреди на Ливерпул и споредете го со најдобриот тим на Ливерпул. Јас можам да ви дадам листа на повреди во Тотенхем. Има две деца од У16 со повреди, двајца во У21 и три во У23. Ерик Ламела и Џафет Танганга се повредени. Но, дали е повреден Љорис? Не. Алдервајрелд? Не. Даер? Не. Регилон? Не. Кејн? Не. Сон? Не. Моура? Не. Тоа се нормални повреди како во секој тим“, вели Мурињо.
“Salah is not injured, Firmino is not injured, Mane is not injured…”
Jose Mourinho has played down Liverpool’s injury issues – claiming every club goes through problems like thispic.twitter.com/z4rqaQpiye
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) December 15, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.

