Спорт
Мурињо и Бејл го провоцираа Реал
Герет Бејл му ја обезбеди победата на Тотенхем над Брајтон 2:1, со која тимот се искачи на втората позиција на табелата во Премиер лигата. За Велшанецот ова беше прв гол за Тотенхем по 7 години и 166 дена. Бејл, во 2013 година од Тотенхем се пресели во Реал.
Бејл неколку минути по влегувањето во игра, со глава ја спроведе во голот асистенцијата на уште еден игра кој летово од Реал се пресели во Тотенхем, Серхио Регуилон.
По натпреварот менаџерот Жозе Мурињо испрати мала провокација на адреса на Реал.
„Кога ќе најдам пет слободни минути ќе се закачам на интернет за да погледнам што пишуваат медиумите во Мадрид за Бејл“.
Покрај Мурињо и Бејл го провоцираше Реал. Со едно гласно „Вамос“ тој го прослави голот против Брајтон.
It’s Bale screaming “VAMOS¡” like he’s in the Santiago for me ? pic.twitter.com/aPweRb6J3L
— MoBash ϟ (@RealMoBash) November 1, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најбогатата тенисерка во историјата ја елиминира шампионката на Австралија Опен
Актуелната шампионка на Австралија Опен, Медисон Кис, го заврши својот настап на првиот гренд слем во сезоната. Во осминафиналето, Кис, деветта на ВТА листата, беше поразена од сонародничката Џесика Пегула, шеста во светот, со 6:3, 6:4. Кис ја заврши одбраната на својот прв трофеј од Гренд слем по 79 минути. Ова значи дека поради раната елиминација, таа ќе испадне од Топ 10 во светот.
Пегула го отвори мечот со брејк за големо водство од 3:0, но Кис направи голем пресврт и поведе со 4:3. Сепак, Пегула најде сила за нов пресврт и освојување на првиот сет. Во вториот сет, Пегула, со два брејка стекна предност 4:1, но Кис успеа да се врати со три последовни гема, но не успеа да направи целосен пресврт.
Пегула се пласираше во четвртфиналето, каде што ја чека Аманда Асимов.
Во својата кариера, Пегула има заработено речиси 22 милиони долари од турнириските награди. Сепак, ова е ситиница во споредба со она што таа и нејзините четири браќа и сестри ќе го наследат. Тенисерката е ќерка на Тери Пегула, чие богатство се проценува на над 7,5 милијарди долари.
Тој го стекна своето богатство преку бизнис со природен гас и недвижности. Тој е сопственик на Бафало Билс, франшиза на НФЛ што ја купи во 2014 година. Покрај тоа, тој е и сопственик на хокеарскиот тим Бафало Сејберс.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Шампионот немоќен пред Торонто Репторс
Актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер, го забележа вториот последовен пораз на домашен терен, трети на последните пет натпревари, вкупно 10-ти во сезоната. Тандери загубија од Торонто Репторс со 101:103.
Натпреварот во Оклахома го реши Имануел Квикли со поените од линијата за слободни фрлања на осум секунди до крајот. Торонто со овој триумф се искачи на третото место во Источната конференција, со скор 29-19.
Квикли го предводеше Торонто со 23 поени и 11 скока, додека Ар Џеј Барет имаше 14, а Брендон Инграм 13 поени.
Што се однесува до Оклахома, Шеј Гилџес-Александер забележа 23 поени, 3 скока и 6 асистенции, Лугенц Дорт 19 поени и 8 скока.
Резултати:
Детроит – Сакраменто 139:116
/Канингем 29 – Монк 19/
Минесота – Голден Стејт 85:111
/Едвардс 32 – Кари 26/
Сан Антонио – Њу Орлеанс 95:104
/Вилијамсон 24 – Вембањама 16/
Финикс – Мајами 102:111
/Брукс 26 – Адебајо 21/
ЛА Клиперс – Бруклин 126:89
/Ленард 28 – Волф 14/
Спорт
(Видео) Рома доминираше, Милан освои бод во Рим
Фудбалерите на Рома и Милан, во Рим одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 22-то коло од италијанската Серија А.
Милан водеше од 62-та минута со гол на Кони де Винтер, по асистенција од Лука Модриќ. Лоренцо Пелегрини го израмни резултатот од пенал во 74-та минута.
Претходно, фудбалерот на Милан, Давиде Бартезаги, играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
Рома беше подобриот тим на теренот. Во првиот дел избраниците на Џанпјеро Гасперини, не реализираа неколку чисити шанси. Се „истакна“ Дониел Мален, промаши две шанси, а Мајк Мењон му одбрани зицер и на Зеки Челик.
Милан е втор на табелата во Серија А со 47 бода, лидерот Интер има 52, а Рома е на третото место со 43.
Во следното коло од Серија А, Милан ќе ја пречека Болоња, додека Рома ќе игра против Удинезе.
Foto/ EPA

