Спорт
Мурињо: На вештачки терен не се игра фудбал, тоа е друг спорт
Жозе Мурињо ги предупреди своите играчи дека гостувањето кај ХЈК Хелсинки ќе биде сличен предизвик како мечевите со Бодо/Глимт минатата сезона бидејќи „да се игра на вештачки терен, тоа не е фудбал, туку некој друг спорт“.
Мечот од Лига Европа се игра утре во Хелсинки откако Рома на „Олимпико“ победи со 3:0. На „волчицата“ ѝ е неопходна победа бидејќи е на третото место на табелата со 4 поени зад Лудогорец со 7 и Реал Бетис со 10. Во последното коло Рома игра со бугарскиот шампион Лудогорец, кој ги шокира во првиот меч. Лани Рома загуби со 6:1 од норвешкиот Бодо/Глимт на вештачки терен.
„Ни треба победа и нема да биде лесно. Не дојдовме во Финска на одмор. Им честитав во Рим и им порачав дека имаат организиран тим. Порано во овој дел од светот имаше само добри индивидуалци, а сега има силни тимови. Условите се тие што се и мораме да играме. Уште тврдам дека играњето на вештачки терен не е фудбал. Тоа е сосема поинаков спорт, така што оние што се навикнати имаат предност. Лани двапати игравме на вештачки терен и двапати загубивме, еднаш со рекорден резултат. Ја видовте вистината кога го уништивме Бодо/Глимт на ‘Олимпико’. Утре нема да имаме таква можност – ако загубиме, тогаш сме во аут“, вели Мурињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

