Спорт
Мурињо: Распоредот е против законите на биологијата
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, ја критикувал Премиер лигата поради распоредот за празниците. Тотенхем вчера го победи Брајтон со 2:1, а наредниот меч го игра в сабота против Норич.
„Не ми е јасно како од овие момци очекуваат да играат повторно по 48 часа“, рекол Мурињо.
„Злосторство е што ќе бидеме повторно на теренот на 28 декември. Тоа е против законите на психологијата, биологијата и биохемијата.“
Португалецот за натпреварот против Норич нема да може да смета на Сон, Хари Винкс и Муса Сисоко.
„Од овие тројца, двајца се суспендирани. Сон и Винкс се суспендирани без причина“, заклучил Мурињо.
Инаку, против густиот распоред за време на празниците вчера својот глас го крена и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Бруно за убедлив триумф на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед не дозволи изненадување, победи кај „фенерџијата“ Вулверхемптон (4:1), во последниот натпревар од 15-то коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ ја оправдаа фавротската улога против тимот кој досега освои само два бода.
Не одеше се според плаот, барем во првиот дел. Манчестер поведе преку Бруно Фернандеш, но Вулверхемптон израмни во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Белегард.
Сепак, во второто полувреме гостите се одлепија со головите на Ембмо и Маунт, а триумфот го потврди Бруно Фернандеш од пенал.
Јунајтед се шести на табелата, со ист број бодови како и петтопласираниот Челзи, додека Вулверхемптон можат да се подготвуваа за преселба во понизок ранг.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Пулишиќ режисер на спектакуларниот пресврт на Милан во Торино
Фудбалерите на Милан го победија Торино по пресврт со 3:2 на гостински терен, во 14-то коло од Серија А.
Торино поведе со 2:0 во првото полувреме, а Милан со два гола во вториот дел дојде до пресврт.
Домашниот тим поведе во 10-та минута, кога Никола Влашиќ беше прецизен од пенал за 1:0.
Само седум минути подоцна, Дуван Запата ја удвои предноста на Торино, „тресејќи“ ја мрежата по асистенцијата од Влашиќ.
Седум минути подцна Милансе врати во натпреварот со на Адриен Рабио, кој погоди по додавањето од сонардоникот Фикајо Томори.
Пресвртот во вториот дел го режираше Кристијан Пулишиќ кој влезе во 66-та минута, а само минута подоцна успеа да постигне гол за 2:2.
Потоа, во 77-та минута, американскиот репрезентативец повторно беше прецизен за конечни 3:2.
Милан е на првото место во Серија А со 31 бод, колку што има и Наполи, бод помалку има Интер. Торино е на 16-та позиција со 14 бода.
Foto/ freerangestock
Спорт
Слот му одговори на Салах: Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб
Мохамед Салах не е во тимот на Ливерпул кој ќе игра против Интер во вторник. Таква можност претходно ја најавија англиските медиуми откако Салах отворено го нападна клубот и тренерот Арне Слот за време на викендот.
Слот, се осврна на коментарите на Салах додека зборуваше на прес-конференција пред натпреварот со Интер во Милано. На прашањето што мислел Салах кога изјави „дека клубот го фрлил под автобус“, Слот одговори:
„Мо е единствениот што може да одговори на тоа. Можам да шпекулирам, но не мислам дека би било исправно во моментов. Тешко ми е да кажам кого и што мисли. За да коментирам за тоа, треба да знам што мислел. Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб. Кога играч ќе каже такви работи, мора да реагираме како клуб. Како што можете да видите, тој не е тука.“
„Дали комунициравме? Му кажавме дека не патува со нас. Тоа беше единствената комуникација од нас до него“, додаде тој и продолжи:
„Дали нашиот однос е нарушен? Не се чувствувам така, но тој има право да се чувствува така. Воопшто не се чувствував така до сабота навечер, тоа е сигурно. Играчите обично не се однесуваат добро кога се лути затоа што не играат, но тој беше почитуван од целиот персонал и своите соиграчи, тренираше напорно, па бев изненаден кога ги слушнав неговите коментари. Мојата реакција на нив е јасна, фактот дека тој не е со нас ви кажува сè.“
Foto/ EPA

