Спорт
Мурињо ќе ја напушти Рома по завршувањето на сезоната
Жозе Мурињо ќе ја напушти Рома на крајот од сезоната, објави Џанлука Ди Марцио, еден од најголемите експерти за трансфери. Мурињо потпиша тригодишен договор со Рома во 2021 година и на крајот од сезоната ќе стане слободен тренер.
„Нема да добие нов договор. Нема тековни преговори и никогаш немало. Затоа тие ќе се разделат по истекот на договорот во јуни”, изјави Ди Марцио.
Мурињо летово имаше неколку понуди од Саудиска Арабија, но реши да остане во Рим.
„Кога Мурињо ќе биде слободен, саудиските клубови сигурно ќе се обидат повторно. Останува прашањето што мисли Мурињо за својата иднина, дали ќе биде тренер на некој европски клуб или ќе замине во Саудиска Арабија“, додаде Ди Марцио.
Мурињо досега победи на 59 натпревари во 119 натпревари во Рома, ја освои Конференциската лига во 2022 година и го загуби финалето на Лига Европа во 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лудница на „Крејвен Котиџ“, Фулам – Сити 4:5
Фулам и Манчестер Сити приредија вистинска голеада на „Крејвен Котиџ“, а конечниот резултат во Западен Лондон беше 4:5 (1:3).
„Граѓаните“ влегоа во овој натпревар како фаворити, што го покажаа во првото полувреме со головите на Ерлинг Халанд, Тижани Рејндерс и Фил Фоден во 17-та, 37-та и 44-та минута.
Емил Смит Рау го намали водството на гостите во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Во вториот дел Сити дојде до предност 5:1 благодарение на вториот гол на Фоден во 48-та минута и автоголот на Сандер Берге во 54-та минута.
Сепак, друг поранешен играч на Арсенал, Алекс Ивоби, му даде поттик на Фулам со гол во 57-та минута, а домашните се заканија со пресврт преку Самуел Чукувезе, кој постигна гол во 72-та, а потоа и во 78-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Ред Бул го потврдија Хаџар се следната сезона
Францускиот возач Исак Хаџар ќе вози крај Макс Ферстапен следната сезона во Ред Бул, потврди австрискиот тим.
Хаџар (21) беше промовиран по одличната дебитантска сезона во Формула 1, во која неговиот најдобар пласман беше третото место во Холандија. Младиот Французин ќе го замени Јуки Цунода во тимот, кој со тоа останува без место во Формула 1, бидејќи за него нема место во ниту еден друг тим, дури и во сестринскиот Рејсинг Булс.
Местото на Хаџар, крај Лиам Лосон, во Рејсинг Булс, ќе го заземе Арвин Линдблад, кој годинава беше седми во Формула 2, и со години е член на програмата за млади возачи на Ред Бул.
Линдблад го зазеде единственото слободно место во Формула 1 за следната сезона, а се очекуваше дека некој млад возач ќе ја добие можноста на сметка на Цунода.
Јапонецот ја напушта Формула 1, барем што се однесува до блиската иднина, по пет години, откако доби шанса во Ред Бул од третата трка во сезоната, но во ниту еден момент не беше ни блиску до својот тимски колега.
Најдобриот пласман на Цунода во последните пет сезони е четвртото место во Абу Даби 2021. Лосон го загуби местото во Ред Бул по две трки оваа сезона, но со своите изданија во Рејсинг Булс, тој заслужи да остане во тимот следната година.
Овогодинешното првенство во Формула 1 завршува овој викенд со Големата награда на Абу Даби. Во последната трка Норис влегува со 12 поени повеќе од Ферстапен и 16 од Оскар Пјастри.
Foto/ EPA
Спорт
Серена Вилијамс се враќа од пензија
Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 гренд слем титули, поднесе документација што го иницира нејзиното враќање во 2026 година.
Серена (44) последен пат играше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, каде што победи на два натпревари пред да изгуби од Ајла Томљановиќ во третото коло.
Тој пораз се случи на 2 септември, а само еден ден подоцна, Серена поднесе барање за официјално пензионирање до Меѓународната агенција за интегритет на тенисот, што значеше дека повеќе нема да мора да го открива своето место на живеење, за случајни допинг тестови на дневна основа.
Вилијамс имаше намера да се врати порано, во Њујорк оваа година, за да игра двојки со постарата сестра Венус, но таквото спонтано враќање, на краток рок, не е дозволено.
Серена се најде на регистрираната листа за тестирање на ITIA во октомври, по повеќегодишна пауза. На тој начин, е на добар пат да се врати до април 2026 година, за шест месеци.
Вилијамс освои 23 гренд слем титули во својата кариера и помина 319 недели на врвот на листата на ВТА.
Foto/ EPA

