Спорт
Мурињо му одговори на Пеп: Само сакам правда

Трае „мала војна“ помеѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, а сагата никако не стивнува. Овој пат на шпанскиот стручњак му одговори Жозе Мурињо.
Гвардиола возврати на првичната изјава на Мурињо и го обвини португалскиот стручњак дека сака Сити да биде исфрлен од Премиер лигата:
„Јас и Пеп работевме заедно, се сакаме. Не е точно дека сакам Манчестер сити да испадне. Сакам само правда”. Мурињо потоа ја објасни својата изјава:
🚨 José Mourinho: “Pep and I worked together, we love each other. It's not true that I want Man City to be relegated. I want justice”.
“Small teams can be penalised by FFP when they exceed limits by 5 or 10€”.
“I also suffered due to limits at Roma. I don’t think it’s fair”. pic.twitter.com/vRGXDwxxQj
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 10, 2024
„Малите тимови можат да бидат казнети поради финансиски фер-плеј за прекорачување од пет или десет евра“.
Проблеми со финсискиот фер-плеј во кариерата имаше славниот португалски тренер.
„Јас патев поради финансискиот фер-плеј во Рома. Тоа не е фер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Черки сака во Ливерпул, менаџерот во преговори со Манчестер Јунајтед

Еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, Рајан Черки (21) ќе го напушти Лион во летниот преоден рок. Кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, прашање е само во кој клуб.
Според англиските медиуми, Рајан Черки преферира трансфер во Ливерпул, додека неговиот менаџер води преговори со Манчестер Јунајтед.
Иако има само 21 година, Черки веќе одигра 182 натпревари за Лион. Францускиот фудбалер,
досега постигна 29 гола и имаше 44 асистенции во својата кариера.
Како што пишува „GiveMeSport“, агентот на Черки се сретнал со претставници на неколку клубови, а во моментов разговара и со Манчестер Јунајтед. Во тековната сезона, Черки одигра 41 натпревар во сите натпреварувања за Лион, постигна 12 гола и додаде 19 асистенции, а неговата цена е 35 милиони евра.
„Агентот на Черки разговарал и со Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити, а моментално е во преговори и со Манчестер Јунајтед, иако играчот сака трансфер во Ливерпул. Тој е заинтересиран какви услови се подготвени да понудат челниците на Манчестер Јунајтед, но играчот тоа не го интересира, тој сака да оди во тимот од Енфилд“, тврдат новинарите на „GiveMeSport“.
Спорт
Аморим: Не ја разбирам оваа еуфорија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по големиот триумф на неговиот тим (0:3) над Атлетик Билбао во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, се обува да ја смири еуфоријата што владее меѓу играчите и навивачите.
Тој им рече на новинарите дека не смее да им дозволи на играчите да мислат дека веќе обезбедиле место во финалето бидејќи една лоша ситуација во реваншот може целосно да го промени текот на настаните.
„Ништо не е завршено. Не ја разбирам оваа еуфорија додека не обезбедиме место во финалето. Едноставно не можеме повеќе да си дозволиме тоа“, рече Аморим, а потоа продолжи:
„Она што го направивме вечерва, постигнавме три гола, тие можат да го сторат истото во реваншот на „Олд Трафорд“, а потоа ситуацијата се одвива во сосема поинаков тек. Може да се случи еден старт, жолт картон, исклучување или продолженија. Тоа се сите реални ситуации во фудбалот, ако се опуштите.“
Реваншот Јунајтед и Атлетик ќе го одиграат на 8.мај во Манчестер. Втората полуфинална двоја е Тотенхем-Бодо/Глимт. Англискиот тим вчера го доби првиот меч со 3:1.
Спорт
Англија ќе има шест претставници во Лигата на шампионите

Англиската Премиер лига, заедно со шпанската Ла Лига, обезбедија пет места во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 поради најдобриот коефициент на УЕФА.
Во новиот систем на натпреварување, откако Лигата на шампионите беше проширена од 32 на 36 клуба, две дополнителни места секоја сезона одат во лигите со најдобар коефициент.
Минатата година, Болоња и Борусија Дортмунд профитираа од ова правило, и како петти во Серија А и Бундеслигата, добија директен премин во елитата.
Сега англиската и шпанската лига добија право на пет претставници, а како што стојат работите, Англија ќе има дури шест во Лигата на шампионите следната сезона.
Познато е дека победникот од Лигата на Европа оди директно во Лигата на шампионите, а би морало да се случи вистинско чудо за да не се сретнат Манчестер Јунајтед и Тотенхем во финалето на тоа натпреварување.
Јунајтед го победи Атлетик со 3:0 во првиот натпревар од полуфиналето синоќа во Билбао, додека Тотенхем го победи Боде/Глимт со 3:1 во Лондон. Реваншите ќе се играат следниот четврток.
Во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед е 14-ти на табелата, додека Тотенхем е на 16-та позиција и јасно е дека не можат да ја завршат сезоната во првите пет екипи, па тоа ѝ отвора пат на Англија да испише историја со шест клуба во Лигата на шампионите.
Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 21 мај во Билбао.