Спорт
Мурињо сака да остане во Рим

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сака да го продолжи договорот со клубот на крајот од сезоната, пишува италијански „Ил Темпо“.
Мурињо (60) во Рома пристигна во 2021 година, а со „волчицата“ има договор до крајот на сезоната. Тој во сезоната 2021/2022. ја освои Конференциската лига, а минатата сезона доживеа пораз во финалето на Лига Европа.
„Мурињо ужива да работи во Рим, најмногу поради љубовта што му ја покажуваат навивачите и играчите. Затоа сега сака да изврши притисок врз челниците на клубот да му го продолжат договорот, бидејќи чувствува дека има незавршена работа со овој тим. “, изјави извор близок до „Ил Темпо“.
Португалскиот стручњак на крајот од минатата сезона беше незадоволен од ситуацијата во клубот поради несоодветни засилувања, но во меѓувреме се предомисли.
Италијанските медиуми пренесуваат дека конечниот збор дали Мурињо ќе остане во Рома ќе го даде претседателот на клубот Ден Фридкин.
Пред Рома, Мурињо ги водеше Тотенхем, Манчестер јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија.
Рома моментално е на седмото место на табелата во Серија А со 18 бодови од 12 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финалето на ЛШ продадено на Абу Даби за 2,4 милијарди евра

Финалето на Лигата на шампионите во 2030 година ќе се игра во Абу Даби како дел од новиот шестгодишен договор на УЕФА со Обединетите Арапски Емирати, тврди шпански „ОК Диарио“. За ова задоволство ОАЕ ќе издвојат 2,4 милијарди евра.
Овој договор меѓу УЕФА и ОАЕ е одговор на судската одлука поврзана со проектот наречен Суперлига, кој се очекува наскоро во Луксембург.
„УЕФА знае дека на 21 декември може да ја изгуби тужбата пред Судот на Европската унија поврзана со Суперлигата и се договори со Абу Даби да ја спонзорира Лигата на шампионите. Тие сакаат да ја направат поатрактивна за клубовите и да избегнат дезертерство во Суперлигата“, изјави добро информираниот шпански новинар Едуардо Инда во емисијата „Ел Чирингито“. Одлуката треба да биде официјална на 7 февруари, пред ждрепката на Лигата на нации.
УЕФА, пишуваат Шпанците, ќе ги продаде правата за сите свои натпреварувања, вклучително и женски фудбал и мал фудбал, за подрачјето на Блискиот Исток. Главен човек во преговорите од страната на УЕФА е Џорџо Маркети, кој се консултира со Извршниот одбор за да се осигура дека сè ќе помине во најдобар ред.
Договорот вклучува договор за покривање на правата за ТВ преноси на сите клупски натпреварувања на УЕФА. Абу Даби ќе биде задолжен за обезбедување на стадиони, сместување и транспорт за различните финалиња на УЕФА, кои ќе се одржат во Емиратите.
Главен настап во овој проект ќе биде финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2029/2030, за кое веќе е извесно дека ќе се одржи во Абу Даби, додава шпанскиот извор.
Со овој пакт, УЕФА има намера да ја обезбеди својата економска исплатливост во иднина без страв од тоа што потенцијалната Суперлига може да им понуди на клубовите.
Шпанците додаваат дека Чеферин на крајот им се поклонол на петродоларите во страв од формирање на нова Суперлига, за што најмногу се залага претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Спорт
Манчестер јунајтед им забрани пристап на четворица познати новинари

Манчестер јунајтед им забрани пристап на четворица познати новинари на денешната прес-конференција на тренерот Ерик Тен Хаг. Забрана за влез на прес-конференцијата добија Каве Солхекол (Скај Спортс), Семјуел Лакхерст (Манчестер ивнинг њуз), Дејвид Мекдонел (Мирор) и Роб Досон (ЕСПН).
„Презедовме акција против неколку новински куќи. Не затоа што објавуваат стории што не ни се допаѓаат, туку затоа што тоа го прават без претходно да не контактираат и на тој начин да ни дадат можност да коментираме, оспориме или контекстуализираме. Веруваме дека на овој начин браниме важен принцип и дека тоа ќе доведе до ресетирање на начинот на кој работиме заедно“, ја објасни клубот својата одлука.
Англиските медиуми неодамна пишуваа дека Тен Хаг ја губи контролата над соблекувалната и дека на играчите не им се допаѓаат методите на тренерот.
Спорт
Динамо бара од Мамиќ да врати 21 милион евра

Фудбалскиот клуб Динамо поднесе имотно-правна тужба до Жупанискиот суд во Осиек против Здравко Мамиќ и уште пет други лица.
Тие се сомничат дека незаконски подигнале 19,1 милион евра од Динамо.
„Модрите“ бараат поранешниот претседател да им плати отпремнина од над 21 милион евра.
Интересно е што Динамо не мислеше така до пред само шест години.
„Без жртвата на Мамиќ не можеше да се спаси Динамо. Тоа не беше кражба, туку борба за опстанок на клубот и јас сум сведок на тоа. Мамиќ е обвинет дека земал пари од Динамо за себе, но всушност своите пари ги даде на Динамо“, изјави своевремено претседателот на клубот Мирко Баришиќ.
Потоа доби поддршка од други членови на Извршниот одбор, а на истиот состанок беше утврдено дека Мамиќ овозможил „деловна ликвидност со трошење пари од сметката на Динамо во Клагенфурт исклучиво за подмирување на договорните обврски на клубот“.
Но, во меѓувреме се предомислија, па Баришиќ пред еден месец сведочеше на овој судски процес пред судот во Осиек. Тогаш одбраната го потсети на неговите претходни изјави, кога тврдеше дека Мажиќ не го оштетил клубот.
Во Динамо и покрај тоа остануваат на новостекнатиот став и бараат од Мамиќ повеќе од 21 милион евра.