Спорт
МЗТ: АБА-лигата без најава и причина го смени терминот за мечот со Партизан
Раководството на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје оцени дека АБА-лигата им нанела неправда со презакажувањето на натпреварот од второто коло со Партизан. Лигата го помести терминот за одигрување на натпреварот во Скопје, кој на програмата е следниот понеделник. Наместо во терминот од 21 часот, дуелот ќе се игра од 16 часот.
Од скопскиот клуб наведуваат дека изненадувачки и без никаква најава и причина терминот на натпреварот е сменет во 16 часот, што, според нив, е невиден преседан за АБА-лигата.
„И самите бевме шокирани од информацијата што ја добивме од канцеларијата на АБА за промена на терминот, без конкретно и валидно објаснување, со префрлање на топката на телевизијата ‘Арена спорт’, која не излезе со официјален став за ситуацијата. Но, пропозициите на регионалното натпреварување се јасни, а тоа е дека лигата и ‘Арена спорт’ го имаат ексклузивното право за одредување термини, а домаќинот не се прашува ништо.
Го разбираме револтот на нашите навивачи и симпатизери што играме во ептен ран термин во работен ден и го делиме нивното разочарување, но сакаме да знаат дека нашиот клуб и покрај сите напори, притисоци, користење врски и конекции стори сè за да се врати првобитно одреденото време, но не успеавме во тоа. Искрено се извинуваме, но постојат работи кои, едноставно, не сме доволно моќни да ги смениме за разлика од некои други учесници во натпреварувањето.
Затоа сакаме да апелираме до сите на кои во вените им тече сино-бела крв, но и до тие што имаат симпатии кон МЗТ Скопје и го сакаат кошаркарскиот спорт, неправдата што ни е нанесена да ја сфатат како дополнителен мотив да сторат сè и да се најдат на трибините во салата „Јане Сандански“. Ова е идеална шанса да покажеме единство и во несекојдневна ситуација и да докажеме дека Аеродром е населба која и покрај сите проблеми и неправди, секогаш и во сè стои зад своите миленици во сино-бела опрема“, соопшти клубот.
Фото/ABA liga
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

