Спорт
МЗТ пропушти неверојатна шанса, мора на „мајсторка“ со Задар!
МЗТ Скопје пропушти неверојатна шанса да се врати во АБА лигата, откако на домашен терен пропушти водство во финишот на мечот и во драматична завршница загуби со 77:78 (23:18, 20:17, 15:21, 18:22) од Задар во вториот квалификациски меч.
„Металците“ претходно стигнаа до фантастична победа на гости во Хрватска, за да имаат шанса пред својата публика да се вратат во главната лига.
МЗТ почна одлично и направи предност од пет поени по првата четвртина (23:18), која ја оддржуваа до последната четвртина, во која влегоа со два поени предност (58:56), пред неверојатниот кам-бек на гостинскиот клуб.
Џејмс Вудард беше најефикасен за „металците“ со 26 поени, Медфорд додаде 17, додека Иванов заврши со 14, додека кај гостите Марио Литл имаше 20 поени.
Фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски
THE END: @kkzadar win the thriller against @kkmztskopje and force Game 3 in the 2019 #ABALiga Qualifiers! pic.twitter.com/JFaJoz7Hz8
— ABA Liga (@ABA_League) April 23, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

