Спорт
МЗТ Скопје ја почнува ерата на Драган Николиќ со гостување кај Цибона

МЗТ Скопје Аеродром ја почнува ерата со новиот тренер Драган Николиќ на денешниот натпревар против Цибона во регионалното кошаркарско натпреварување. Мечот е закажан за 17 часот, а неговото деби во Загреб нема да биде воопшто лесно.
Николиќ во Македонија своевремено го предводеше тимот на Карпош Соколи, а минатата сезона беше на кормилото на Борац Бања Лука.
„Цибона дефинитивно е најпријатното изненадување досега во АБА лигата. По големите проблеми со кои овој клуб се соочуваше пред почетокот на сезоната, ретко кој очекуваше дека ќе бидат рангирани кон средината на табелата. Тимот е одлично предводен од мојот голем спортски пријател Јосип Сесар, кој е добар и талентиран тренер. Кратко бев во Скопје, немаше време за промени, па во Загреб ќе одиграме со системот и начинот на игра кој и досега го красеше МЗТ Скопје“, истакна новиот тренер на „металците“.
МЗТ Скопје има само две победи во АБА оваа сезона и е во серија од четири последовни порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.
Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.