Спорт
МЗТ Скопје немаше проблеми против ФМП

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром продолжија со победи во Првата кошаркарска лига. Тие вечерва на домашен терен го совладаа тимот на ФМП со 77:58.
„Металците“ по првиот период создадоа двоцифрена предност (24:12), а на одморот имаа уште поголема резлика.
Доминацијата продолжи до крајот на натпреварот, па во еден момент позитивата беше и 30 поени.
Димитар Пандев со 12 и Андреј Магдевски со 11 поени беа најефикасни во тимот на МЗТ Скопје, додека кај гостите се истакна Габриел Кокоски со 14 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крах на хрватската кошарка

Хрватската кошаркарска репрезентација доживеа тежок удар, за прв пат во историјата нема да учествува на Евробаскет, што ќе ги оддалечи уште неколку години од големите натпреварувања.
Клучниот пораз, Хрватите го доживеаја синоќа во „Јазине“ во Задар од Франција 80:83.
Со овој неуспех, Хрватска ги заврши квалификациите на третото место во групата Е, од која покрај Франција и Босна и Херцеговина, пласманизбори Кипар кој е еден од организаторите на ЕП.
Ова е трет пат по ред Хрватска да не се пласира на едно големо натпреварување.
Квалификациите за Светското првенство во 2023 година беа особено разочарувачки – тимот забележа само една победа и пет порази, завршувајќи на последното место во групата.
Најблиску до пласман на големо натпреварување Хрватите беа минатото лето кога одлични беа во претквалификациите за пласман на Олимписките игри победија на сите пет претквалификациски натпревари, вклучително и во Турција.
Сепак, на турнирот во Атина во решавачкиот меч за пласман во Париз, Хрватска беше сопрена од Грција предводена од Јанис Адетокумбо.
Следната можност за враќање на големата сцена ќе биде Светското првенство во 2027 година, квалификациите започнуваат ова лето.
Спорт
Тежок пораз во Талин, Македонија нема да игра на ЕП

Фото/ kfsm.mk
Кошаркарската репрезентација на Македонија остана без шанси да се пласира на Европското првенство кое во септември ќе се одржи во Кипар, Финска, Латвија и Полска.
Вечерва во Талин, Естонија ја порази Македонија со 84:65 (22:17, 16:22, 20:11, 26:15). Естонија со оваа победа си обезбеди место на Европското првенство.
Настрана домаќинското судење, но мора да се приснае дека репрезентацијата на Македонија нема квалитет за да настапи на континеталниот шампионат. Во Талин, Ненад Димитирјевиќ и Ти Џеј Шортс го испорачаа своето, но помош добија само од Маслинко. Овие тројца беа двоцифрени, а уште само тројца успеаја да постигнат поени(Робев, Магдевски, Евремовски) се дофинишот кога два коша постигна Ѓуровски, а еден Крстевски.
Македонија играше добро во првото полувреме и покрај тоа што евидентни беа проблемите под кошот, Во ниту еден момент Македонија немаше контрола во скок играта.
Димитријевиќ и Шортс испорачаа по 13 поени во првиот дел, а Македонија имаше предност 39:38.
Третата четвртина практично го реши победникот, Македонија постигна само 11 поени, а Естонија четвртината ја доби со девет поени.
Во последната четвртина, Естонците по три минути игра прв пат стекнаа двоцифрена предност и до крајот само ја зголемуваа разликата.
Шортс забележа 21 поен, три скока и шест асистенции, Димитријевиќ постигна поен помалку имаше и четири скока и три асистенции, а Маслинко натпреварот го заврши со 15 поени и седум скока.
Неуспешниот квалификациски циклус Македонија ќе го заврши в понеделник во Скопје против Полска.
Спорт
Николов и Шишковски со Борац против Рапид, Јагиелонија на Чурлинов против Серкл Бриж

Борац Бања Лука и Јагелонија, екип на македонските интернационалци Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Дарко Чурлинов ги дознаа противниците во осминафиналето во Конференциската лига.
Борац со Николов и Шишковски ќе играат против Рапид Виена, а Јагиелонија на Чирлинов со Серкл Бриж.
Осминафиналени двојки:
Фиорентина – Панатинаикос
Борац Бања Лука – Рапид Виена
Јагелонија – Серкл Бриж
Легија – Молде
Целје – Лугано
Џургарден – Пафос
Челзи – Копенхаген
Виторија – Бетис
Првите осминафинални натпревари се закажани за 6, а реваншите на 13 март.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 10 и 17 април, полуфиналните на 1 и 8 мај, додека финалето е закажано за 28 мај во Вроцлав, Полска.