Спорт
На „Ацтека“ во Мексико постигнат е 10.000-тиот гол, најмногу во светот (видео)

Во првенството на Мексико вчера редовно коло играа Круз Азул и Куеретар, славеа домаќините со резултат 3:0. Победата на домашната екипа и стрелците на головите се во втор план.
Поважно е тоа што стадионот на кој настапува Круз Азул, популарниот „Ацтека“ е првиот стадион во светот на кој има постигнато 10.000 голови.
„Ацтека“ е пуштен во употреба на 29 мај 1966 година. На него досега настапувале Клуб Америка, Круз Азул, Атланте, Некакса и сите мексикански фудбалски селекции.
Најмногу голови на легендарниот стадион постигнал Мексиканецот Луис Роберто Алвес–Заге, вкупно 209.
Домаќините беа подготвени, па убавиот јубилеј и влезот во историјата по вториот гол на Круз Азул го прославија со пиротехничко шоу.
¡Así estalló el Azteca en la anotación 10 mil!
El Coloso de Santa Úrsula se convierte en el primer estadio del mundo en recibir dicha cantidad de goles. pic.twitter.com/FG9UJ6z5Q0
— PressPort (@PressPortmx) April 7, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Денвер Нагетс загубија од најлошиот тим во НБА лигата

Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја шокантен пораз на домашен терен од најлошиот тим во лигата, Вашингтон Визардс 123:126. Ова е втор пораз на Денвер од Вашингтон оваа сезона.
Нагетс не играат добро оваа сезона и тоа е јасно. Премногу осцилираат, па им се случува да губат и кога Никола Јокиќ ќе постигне 40 поени. Србинот имаше и 13 скокови и девет асистенции. Џамал Мареј уфрли 24, а Расел Вестбрук 22 поени со кои ја префрли границата од 26.000 поени во кариерата. Стана 26.кошаркар во историјата со ваков учинок.
Деневер го уништи Џордан Пул, во завршната фаза од натпреварот. Постигна 19 поени, но три тројки во финишот, меѓу кои и оваа за триумф на Визрдс. Најефикасен кај победникот беше Сар со 34 поени.
Резултати:
Бруклин – Бостон 113:115
/Џонсон 23 – Порзингис 24/
Детроит – Оклахома 107:113
/Харис 18 – Гилџес-Александар 48/
Милвоки – Индијана 126:119
/Антетокунбо 34 – Нејсмит 30/
Мемфис – Мајами 125:91
/Џексон Јуниор 31 – Вер 19/
Хјустон – Чикаго 117:114
/Грин 28 – Вајт 23/
Голден Стејт – Њујорк 97:94
/Кари 28 – Таунс 32/
Сан Антонио – Њу Орлеанс 119:115
/Васел 22 – Мекалум 26/
Спорт
(Видео) Лајпциг во дербито ја победи Борусија Дортмунд

Лајпциг на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0, во дерби натпреварот одигран во 26. коло од Бундес лигата.
Лајпциг поведе во првото полувреме и ја потврди победата во вториот дел од натпреварот. Борусија имаше иницијатива, но не успеа да ги материјализира шансите.
Домашните поведоа во 18. минута, кога Чави Симонс погоди на асистенција на Бенџамин Шешко за 1:0.
Победата ја потврди Лоис Опенда во 48. минута, на кого му асистираше стрелецот на првиот гол, Симонс.
Лајпциг е на петтото место во Бундеслигата со 42 бода, додека Борусија е на 11. место со 35.
Во наредната рунда, по репрезентативната пауза, Лајпциг ќе гостува во Менхенгладбах, додека Борусија Дортмунд ќе го пречека Мајнц.
Спорт
(Видео) Два гола на Мбапе за триумф на Реал кај Виљареал

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Виљареал со 2:1 (2:1) по пресвртот во 28. коло од шпанската Ла Лига.
„Кралскиот клуб“ успеа да направи пресврт, да освои три бода и накратко да го заземе првото место во шпанското првенство благодарение на головите на Килијан Мбапе.
Не почна најдобро за избраниците на Карло Анчелоти, кои губеа од 7. минута, кога Виљареал поведе преку Хуан Фојт.
Предноста на Виљареал траеше само 10 минути, бидејќи Килијан Мбапе во 17. минута успеа да постигне гол за израмнување.
Истиот играч повторно погоди во 23. минута на асистенција на Лукас со што го постави конечниот резултат 2:1.
Реал моментално е прв на табелата со 60 бодови, додека Виљареал е на шестото место со 44.