Спорт
На денешен ден дојде во Реал како 19-годишник, се останато е историја!

На денешен ден во 2005 година Реал Мадрид го претстави 19-годишниот дефанзивец Серхио Рамос (34) кој во следните 15 години ќе стане еден од најголемите играчи на клубот со 22 трофеи.
Тој 8 септември Рамос на „Сантијаго Бернабеу“ стоеше меѓу претседателот Флорентино Перез и почесниот претседател на Реал, Алфредо Ди Стефано.
Бројот 4 кој претходно го носеше Фернандо Јеро, од тој ден е на грбот на Рамос.
Шпанецот кој за 27 милиони евра од Севилја дојде во Мадрид стана легенда на Кралскиот клуб. Има 650 настапи, освои 22 трофеи меѓу кои 4 титули клупски светски првак.
Постигна 97 гола , а заработи и рекордни 26 црвени картони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леклер: Денешната трка ја загубивме вчера

Шарл Леклер, возачот на Ферари, не беше задоволен од исходот на трката во Монако.
Леклер ја заврши трката на својата домашна патека во Монте Карло на второто место, зад возачот на Мекларен, Ландо Норис.
Леклер го освои вториот подиум на Ферари оваа сезона (првиот беше во Кина) и ова е втор пат во неговата кариера да биде на подиумот на домашната трка, откако победи во 2024 година.
„Денешната трка ја загубивме вчера. На крајот на краиштата, требаше да завршиме подобра работа. Ландо заврши подобра работа овој викенд и ја заслужи победата. Минатата година го остварив детскиот сон, не и оваа година, но сè на сè, резултатот е над нашите очекувања. Мислев дека дури и влегувањето во првите 10 ќе биде предизвик, а на крајот сме втори и многу блиску до второто место (во шампионатот). Сè на сè, беше добар викенд, но сакав да победам“, рече Леклер.
На крајот, квалификациите беа клучни за оваа трка и Шарл Леклер мораше да се задоволи со второто место, и покрај големиот напор на финишот.
„Претпоставувам дека денес не можевме да направиме многу повеќе. Штета, но дадовме сѐ од себе.“
Спорт
Јан Облак рекорден шести пат е најдобар голман во Ла Лига

Словенечкиот голман Јан Облак стана најдобар голман во шпанската Ла Лига по рекорден шести пат. Голманот на Атлетико Мадрид повторно го крена трофејот Замора, именуван по поранешниот легендарен голман Рикардо Замора.
Облак беше голманот со најмал процент на примени голови во сезоната. Условот е секој голман да има најмалку 28 настапи во текот на сезоната во Ла Лига со 60 или повеќе минути на теренот.
32-годишниот Облак претходно ја доби оваа награда во 2016, 2017, 2018, 2019 и 2021 година, со што ги остави зад себе Виктор Валдес и Антонио Рамалетс, поранешни голмани на Барселона, кои беа најдобри пет пати.
Наградата Замора ја доделува мадридскиот спортски весник „Марка“ од 1958 година.
Атлетико на Облак ја заврши сезоната на третото место, зад шампионот Барселона и вицешампионот Реал Мадрид.
Спорт
Риека е шампион на Хрватска

Фудбалерите на Риека ја освоија титулата шампион на Хрватска, откако на домашен терен го совладаа Славен Белупо со 2:0, во последното, 36. коло од хрватската прва лига.
Стрелци за Риека беа Нико Јанковиќ во 12-та минута и Тони Фрук во 50-та минута.
Риека заврши на првото место со 65 бода, колку што освои и Динамо Загреб, но Риека во меѓусебниот скор беше подобра. Во последното коло, Динамо го победи Вараждин со 1:0 на домашен терен, со голот на Петар Сучиќ во 38-та минута.
Хајдук Сплит, кој денес на гостински терен го победи Шибеник со 1:0, заврши на третото место со 63 бода.
Риека ја освои втората шампионска титула во Хрватска во историјата на клубот.