Спорт
На Лацио нема да му одземат бодови – Обвинителите побарале претседателот да биде суспендиран

За кршењето на ковид-противколите на Лацио нема да му бидат одземени бодови. Обвинителите, на денешното судење во Сојузниот суд, побарале парична казна и долги забрани за сопственикот Клаудо Лотито и клупските лекари.
Фудбалскиот сојуз на Италија го обвини Лацио за крупни грешки: не пријавиле и не спречиле тројца играчи да трениераат , иако биле позитивни на коронавирусот и пропуштиле играч кој имал асимтоматски симптоми да го стават во задолжителен 10-дневен каранти. Тој играч дури и настапил на еден натпревар.
Иако медиумите шпекулираа дека на Лацио ќе му бидат одземени бодови, обвинителите предложиле поинакви казни.
Тие побарале клубот да биде казнет парично со 200.000 евра, а претседателот Клаудио Лотито и лекарите Фабио Роди и Иво Пулцини да бидат суспендирани на период од 13 месеци и 10 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2020

УЕФА ги објави имињата на 18 главни судии и нивните помошници кои ќе ја делат фудбалската правда на ЕУРО 2020. Прв пат, на едно Европско првенство, ќе судат и арбитри кои не се од Европа.
Најдобрите европски судии се делегирани за престојниот континентален собир од 11.јуни до 11.јули.
На листата се: Феликс Брих (Германија), Џунејт Чакир (Турција), Карлос дел Серо Гранде (Шпанија), Андреас Екберг (Шведска), Орел Гринфелд (Израел), Сергеј Карасов (Русија), Бјорн Кујперс (Холандија), Дани Макели (Холандија), Антонио Мигел Матеу Лахос (Шпанија), Мајкл Оливер (Англија), Даниеле Орсато (Италија), Артур Мигуел Рибеиро Соареш (Португалија), Даниел Зибер (Германија), Ентони Тејлор (Англија), Клеман Тирпан (Франција).
Последен на оваа листа е Аргентинецот Фернардо Рапалини. Како дел од соработката помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, тој ќе суди на ЕУРО 2020, а Шпанецот Хесус Хил Манзано ќе ја дели правдата да Копа Америка.
Прв пат е делегирана и една жена. Стефани Фрапар од Франција ќе ја има функцијата на четврти судија.
Сите главни судии и нивните помошници, како и ВАР-судиите, ќе се подготвуваат за ЕУРО 2020, во Истанбул од 10. до 13.мај. Истанбул ќе им биде база на судиите од 7.јуни се до четврт-финалето, кога УЕФА ќе ги одреди судиите за завршницата на шампионатот.
Спорт
Реал и Барселона би добиле најмногу пари од Суперлигата

„Мундо Депортиво“, објави како требало да се делат парите во европската Суперлига. Овој проект на 12 клубови: Реал, Барселона, Атлетико, Интер, Милан, Јуветус, Арсенал, Челси, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, пропадна и пред да биде применет во пракса.
Шампионот од една сезона би заработил 600 милиони евра. Но оваа сума, во случај на освојување на титулата, би ја освоиле само Реал и Барселона.
Наградниот фонд во првата сезона требало да биде неверојатни 10 милијарди евра и тој би им бил поделен на 20 клубови.
Но не било предвидено сите да добијат еднаква сума. Парите би се делеле според важноста на брендот, влијанието кај навивачите, влијанието на социјалните мрежи…
На стартот, 15 клубови би поделиле 3,5 милијарди евра и тоа на следниов начин.
Реал и Барселона би добиле по 600 милиони евра, а по 350 милиони, според рејтингот, би поделиле четири клуба. Рангираните од 6. до 9.место би добиле по 225 милиони, следните два тима по 112 и последните три по 100 милиони евра.
Спорт
МЗТ со победа ја завршија сезоната во АБА 2

Кошаркарите на МЗТ со победа ја завршија сезоната во АБА 2 лигата. МЗТ, во вториот четврт-финален натпревар, забележа победа над Младост од Земун со 92:86. Победата не беше доволна за да се анулира предноста од 75:95, која ја стекна Младост по првиот меч.
Надежите на МЗТ, дека ќе можат да направат сензација и да ја надополнат негативата од 20 поени, пропаднаа по првите 10 минути во реваншот, по кои Младост стекна предност од 11 поени (20:31).
МЗТ се вратија во мечот во вториот период со 26:14 и на полувреме имаа водство 47:43.
Во второто полувреме, МЗТ најчесто ја имаше предноста, но таа се движеше од два до пет поени. Младост успешно го контролираа натпреварот, не дозволувајќи им на своите противници да направат некоја посеризна серија.
Гравет и Карачиќ, односно Олуџоби со 17 поени беа најефикасни кај МЗТ. Олуџоби имаше девет, а Карачиќ осум скока.
Кај Младост Гумболт постигна 14 поени, а дури петмина играчи забележаа по 10 поени.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?