Спорт
На Мурињо не му бил потребен Ван Дајк

Вирџил Ван Дајк во јануари 2018 година дресот на Саутемптон го замени со оној на Ливерпул. Потегот на Јирген Клоп се покажа како исправен бидејќи Ливерпул до крајот на таа сезона стигаа до финалето во Лигата на шампионите, а веќе наредната „црвените“ ја освоија европската титула.
Ван Дајк, според многумина е клучниот човек на Ливерпул. За одличната сезона тој е награден од УЕФА која го прогласи за играч на сезоната во Лигата на шампионите.
Англиските медиуми денес излегоа со информација дека Ван Дајк требало да заврши в Манчетер Јунајтед меѓутоа тој трансфер не го одобрил Жозе Мурињо.
Португалецот претходно го засилил тимот со Ерик Баи (Вилјареал) и Виктор Линделоф (Бенфика) и сметал дека нема потреба да троши пари на уште еден играч од одбраната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лајпциг во дербито ја победи Борусија Дортмунд

Лајпциг на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0, во дерби натпреварот одигран во 26. коло од Бундес лигата.
Лајпциг поведе во првото полувреме и ја потврди победата во вториот дел од натпреварот. Борусија имаше иницијатива, но не успеа да ги материјализира шансите.
Домашните поведоа во 18. минута, кога Чави Симонс погоди на асистенција на Бенџамин Шешко за 1:0.
Победата ја потврди Лоис Опенда во 48. минута, на кого му асистираше стрелецот на првиот гол, Симонс.
Лајпциг е на петтото место во Бундеслигата со 42 бода, додека Борусија е на 11. место со 35.
Во наредната рунда, по репрезентативната пауза, Лајпциг ќе гостува во Менхенгладбах, додека Борусија Дортмунд ќе го пречека Мајнц.
Спорт
(Видео) Два гола на Мбапе за триумф на Реал кај Виљареал

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Виљареал со 2:1 (2:1) по пресвртот во 28. коло од шпанската Ла Лига.
„Кралскиот клуб“ успеа да направи пресврт, да освои три бода и накратко да го заземе првото место во шпанското првенство благодарение на головите на Килијан Мбапе.
Не почна најдобро за избраниците на Карло Анчелоти, кои губеа од 7. минута, кога Виљареал поведе преку Хуан Фојт.
Предноста на Виљареал траеше само 10 минути, бидејќи Килијан Мбапе во 17. минута успеа да постигне гол за израмнување.
Истиот играч повторно погоди во 23. минута на асистенција на Лукас со што го постави конечниот резултат 2:1.
Реал моментално е прв на табелата со 60 бодови, додека Виљареал е на шестото место со 44.
Спорт
(Видео) Милан го победи Комо

Фудбалерите на Милан успеаја да врзат две победи. Како и во минатата рунда, Милан победи по пресврт. Во минатото коло родосонерите победија во Лече, а вечерва на домашен терен го совладаа Комо.
По израмнетото прво полувреме, Комо успеа да замине на пауза со гол предност. Гостите поведоа преку Да Куња, кој му донесе водство на својот тим во 33. минута, со удар со левата нога од околу 18 метри.
Милан делуваше безопасно и загуби во првиот дел од натпреварот, па беше вистински благослов што не примија уште еден гол. Се радуваа и играчите на Ком во 49. минута. Да Куња повторно беше стрелец, но по ВАР проверка голот беше поништен поради милиметарски офсајд.
Казната Комо го стигна две минути подцна. Леао и Рејндерс комбинираа, а нивната акција во гол ја претвори Кристијан Пулишиќ. Овој гол како да им даде „крилја“ на фудбалерите на Милан. Тие успеаја целосно да го свртат резултатот, а Рејндерс го постигна вториот гол во 75. минута од натпреварот.
Рејндерс можеше да стави точка на натпреварот во 85. минута, шутираше дијагонално од левата страна, а топката заврши крај голот.
На крајот, Комо во последната минута остана со играч помалку на теренот. Деле Али беше исклучен поради груб фаул, кој влезе во игра само девет минути порано на местото на стрелецот на Комо, Да Куња. Инаку, претходно црвен картон доби и тренерот на Комо, Сеск Фабрегас.
Во следното коло Милан игра против Наполи, додека Комо ќе го пречека Емполи.