Спорт
На следниот Мундијал ќе има 48 учесници, но тоа нема многу да го олесни патот за Македонија

Следното Светско првенство во фудбал кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, ќе внесе и голема новина, пред се за бројот на учесниците. На тоа натпреварување ќе има 48 селекции, што однапред ќе влијае и на изгледот на квалификациите.
Посебно е интересно што Европа наместо досегашните 13 ќе даде 16 претставници.
Според сегашниот модел, десетте победници на групите би обезбедиле директно учество. Вицешампионите би играле плеј-оф со уште две најдобри селекции од Лигата на нации.
Идејата која најверојатно ќе заживее и ќе ја поддржи УЕФА, се однесува на формирање на 12 квалификациски групи со четири или пет екипи.
Победниците би оделе директно, а преостанатите четири учесници од Европа би се решавале во бараж.
Аргентина годинава ја освои титулата светски првак, а овој модел на квалификации во голема мера го одредува патот и за репрезентацијата на Македонија до Мундијалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Почина легендарниот тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ

Почина Мирослав Ќиро Блажевиќ, легендарниот хрватски селектор и поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска. Тој ја загуби долгата борба со ракот на 88-годишна возраст.
Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но за жал третпат не успеа.
„Тренерот на сите тренери“, како што го нарекуваа во регионот на поранешна Југославија, е роден во Травник, и автор е на еден од најголемите успеси на хрватскиот фудбал и спорт воопшто, светскиот бронзен медал од Мундијалот во 1998 година.
Фудбал играше до 31 година, а ги носеше дресовите на Динамо Загреб, Локомотива, Сараево, Риека и на Сион, а потоа реши да стане тренер во швајцарскиот Мутие.
Тој остана во Швајцарија и ги водеше Вевеј и Сион пред да ја преземе швајцарската репрезентација во 1979 година.
Неговиот подем започна во 1979 година, кога дојде во Ријека, со која стигна до четвртфиналето на Купот на победниците на куповите, каде што беше елиминиран од Јувентус.
Тогаш почна легендата за големиот тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ.
Своето име како тренер го прослави со титулата што му ја донесе на Динамо Загреб, по 24 години чекање, во сезоната 1981/82, четврта и што подоцна ќе се покаже како последна титула на шампионот на Југославија. Со „модрите“ следната сезона го освои и пехарот „Маршал Тито“ во Купот на Југославија а подоцна во хрватското првенство освои титула уште два пати (1993 и 2003 година).
Грасхоперс беше под негова палка во сезоната 1983/84 со триумф во првенството на Швајцарија, а во неговите успеси секако може да се вбројат и фактите дека ја задржа Приштина во елитниот фудбалски ранг на СФРЈ и ја внесе и Слобода Тузла во Премиер лигата на Босна и Херцеговина.
Спорт
Проработе „српската“ врска во Јуве – Влаховиќ и Костиќ за лесна победа над Салернитана

Душан Влаховиќ постигна два гола и асистираше уште еден до својот сонародник Филип Костиќ за да ги предводи Јувентус до рутинска 3:0 победа на гостувањето кај Салернитана, прв триумф по три меча за „бјанконерите“ во ситуација на криза на клубот од Торино.
Влаховиќ прво во 26. минута од мечот беше прецизен од белата точка за водство на гостите, а во финишот на полувремето да му асистира на Костиќ за 0:2. И покрај обидите на Салернитана да се врати во игра со поголем посед на топката, Јувентус имаа повеќе шанси, за во 47. минута, Влаховиќ да ги постави конечните 0:3.
Со победата и трите поени, Јувентус се искачи на 10. место на табелата со 26 поени (по казната од 15 поени), додека Салернитана се на 16. место со 21 поен.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));
Спорт
Ал-Хилал го „уништи“ Фламенго за шокантно финале на Светското клупско првенство

Азискиот шампион Ал-Хилал од Саудиска Арабија направи вистинска сензација, победувајќи го шампионот од Копа Либертадорес, бразилскиот гигант Фламенго со 3:2 за пласман во финалето, каде што ги чека подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и египетскиот Ал-Ахли, кои играат утре.
Ал-Хилал стигнаа до водство по само четири минути игра, со гол од пенал на саудиската ѕвезда Салем Ал-Давсари, за Фламенго да израмни во 20. минута преку Педро, но надежите на Фламенго за финале се намалија кога во финишот на првото полувреме, Жерсон доби втор жолт картон за играње со рака во шестнаесетникот. Ал-Давсари повторно беше прецизен од белата точка за ново водство од 2:1.
Ал-Давсари потоа во 70. минута му асистираше на Аргентинецот Лусијано Вието за 3:1 водство, а бразилскиот клуб успеа да го направи финишот интересен со вториот гол на Педро во 91. минута.