Спорт
Надал експресно до второто коло на Ролан Гарос

Најголемиот фаворит за освојување на титулата на Ролан Гарос, Рафаел Надал, лесно ја мина првата пречка на турнирот. Шпанецот за помалку од два часа го победи Германецот Јаник Хофман со 6:2, 6:1, 6:3.
Надал одигра меч според неговите стандарди, ретко грешеше и максимално ги користеше своите шанси. Фаворитот шест пати успа да му го одземе сервисот на Хофман.
Во второто коло Надал ќе игра против уште еден тенисер што на главниот турнир влезе преку квалификациите. Станува збор за Германецот Јаник Меден (114 на АТП листата).
Меден во првото коло беше подобар од Белгиецот Кимер Копејанс со 7:6, 7:5, 6:3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ако го мине ФЦСБ, Шкендија ќе игра против Карабаг или Шелбурн

Шкендија ги дозна имињата на потенцијалните противници во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Точно на пладне во седиштето на УЕФА, беа одредени двојките за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Доколку Шкендија во втората рунда го мине романски ФЦСБ, во третото коло ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карабаг(Азербејџан) и Шелбурн (Република Ирска).
Првиот натпревар би се играл на 5 или 6 август, а реваншот на 12 август.
🚨 SIX TIES in the Champions League – QR3 (Champions Path) are set now:
🇸🇪 Malmö / 🇱🇻 FC RFS
VS
🇩🇰 FC Copenhagen / 🇽🇰 Drita🇫🇮 KuPS / Kairat
VS
🇸🇰 Slovan Bratislava / 🇧🇦 Zrinjski Mostar🇵🇱 Lech Poznań / 🇮🇸 Breiðablik
VS
🇷🇸 Crvena zvezda / 🇬🇮 Lincoln Red Imps🇧🇬 Ludogorets /…
— Football Rankings (@FootRankings) July 21, 2025
Шкендија, утре ќе го пречека тимот на ФЦСБ, реваншот во Букурешт е на 30 август.
Фото/ https://www.facebook.com/fcshkendija
Спорт
Маркус Смарт се сели во ЛА Лејкерс

Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Маркус Смарт, се раздели со франшизата од американската престолнина и потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс.
Смарт доби двегодишен договор вреден 11 милиони долари, изјави извор за Асошиејтед Прес.
Франшизата од Лос Анџелес сакаше добар дефанзивец кој ќе ги поддржува ѕвездите на тимот, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.
Лејкерси ја прекинаа соработката со Шек Милтон за да направат место за Смарт.
Смарт помина девет сезони во Бостон, а последните две години играше за Мемфис и Вашингтон.
Играјќи за Селтикс, Смарт беше најдобриот дефанзивец во НБА во 2022 година.
Откако го напушти Бостон, одигра само 54 натпревари во последните две сезони поради повреди.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Сити испратил понуда за Диого Кошта

Манчестер сити започна преговори со Порто, од каде се надева дека ќе го доведе голманот на овој тим и на португалската репрезентација. Диого Кошта.
Диого Кошта е под договор со Порто и во наредните две сезони, а Сити се надева дека 60 милиони евра ќе бидат доволни за да се заврши работата.
Минатата сезона, тој одигра 43 натпревари, прими 45 гола и 19 пати ја задржа мрежата.
Доколку Кошта се пресели во Манчестер сити, според шпекулациите Бразилецот Едерсон ќе заврши во Галатасарај.
Фото/ Принтскрин