Спорт
Надал има повреден зглоб, нема да игра во двојки со Федерер
Рафаел Надал се повлече од своите мечеви на Лејвер купот во Швајцарија откако доби повреда на зглобот, потврдија од турнирот.
„По консултациите со докторот на натпреварувањето, Рафаел Надал се повлече од денешните мечеви поради повреда на зглобот“, се вели во соопштението на Лејвер купот.
Надал, кој ја освои четвртата титула од САД опен овој месец, требаше да игра во сингл против Ник Кирјос и заедно со Роџер Федерер во двојки. Наместо него, Стефанос Циципас ќе игра покрај Федерер, додека Доминик Тим ќе ја преземе одговорноста во сингл-мечот.
Ова е лоша вест за Европа, кои вчера загубија два меча, но сепак водат со 7:5 против Остатокот од светот.
„Фантастично е да се игра на Лејвер купот и разочаран сум што нема да можам да играм денеска. Но, имам воспаление на зглобот и морам да се одморам. Атмосферата во Женева е фантастична и ќе бидам тука за сите мои соиграчи“, вели Надал.
ICYMI
Nadal out. Replaced by Tsitsipas in the doubles and Thiem in the singles. #TeamEurope | #LaverCup https://t.co/qjyMpSOo5Z
— Laver Cup (@LaverCup) September 22, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Салах ќе донесе најдобра одлука за себе, се надевам и за нас
Ливерпул во сабота му гостува на Борнмут во 24. коло од Премиер лигата, а на прес-конференцијата пред овој меч Арне Слот уште еднаш мораше да зборува за иднината тројцаважни играчи чии договори истекуваат на крајот од сезоната. на Мохамед Салах на „Енфилд“.
„Одговорот е ист, да разговарам со Ван Дајк, Салах и Александер-Арнолд. Не го правам тоа секој ден како Ричард Хјуз (спортски директор на Ливерпул), но многу разговараме. И секако дека би било смешно ако во сите тие разговори никогаш не зборуваме за нивната иднина. Секако дека разговараме. Но, досега сфативте дека тоа не се работи за кои ќе разговарам со вас и дека нема да ви го пренесам она што го разговарам со играчите. Не само со тројцата, туку и со другите играчи во тимот“, рече Слот.
Новинарите на Слот му пренесоа дека министерот за спорт на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Турки ал Фајсал, детално зборувал за тоа колку би сакал да го види Мохамед Салах во првенството на Саудиска Арабија
„Значи, не ме изненадува тоа што некој сака да има Слах во својот тим. Тој направи толку многу паметни работи во текот на кариерата и верувам дека сега ќе ја донесе вистинската одлука за себе. Се надевам и на нас“, заклучи тренерот на Ливерпул.
Спорт
Матијас Тел е пред трансфер во Тотенхем
Матијас Тел е блиску до трансфер во Тотенхем. Според германски „Скај Спорт“, Тотенхем мораше да реагира на пазарот по повредата на првиот напаѓач, Домини Соланке.
Тотенхем за трансферот на Тел е подготвен да му плати на Баерн околу 50 милиони фунти.
Сега останува само Тел да ги прифати финансиските услови кои ги нуди Тотенхем, за да биде реализиран трансферот.
Тел годинава има мала минутажа кај тренерот Винсент Компани и затоа побара трансфер. Тој има само 19 години. За Баерн одигра 60 натпревари од 2022 година и постигна 12 гола.
Тој е репрезентативец на Франција до 21 година.
Спорт
Дерби Порто – Рома во баражот во Лига Европа
По ждрепката за Лигата на шампионите, во седишеото на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за плеј-офот за Лига Европа.
По првата фаза, пласман во осминафинаето изборија најдобрите осум екипи: Лацио, Атлетик Билбао, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Ајнтрахт, Лион, Олимпијакос и Глазгов Ренџерс.
Дерби мечот во плејофот ќе го одиграат Порто и Рома.
Бараж двојки за пласман во осминафиналето:
Твенте – Бодо/Глимт
Фенербахче – Андерлехт
Унион Сен Жилоа – Ајакс
ПАОК – ФЦСБ
АЗ Алкмар – Галатасарај
Митјиланд – Реал Сосиедад
Ференцварош – Викторија Плзен
Порто – Рома
Првите натпревари од баражот за пласман во осминафиналето ќе се играат на 13. февруари, а реваншите се на 20. февруари.