Спорт
Надал: Ќе имам деца кога спортскиот живот ќе го дозволи тоа
Освојувачот на рекордни 21 гренд слем титула, Рафаел Надал, вообичаено го држи приватниот живот далеку од очите на јавноста, но сега проговори за неговите планови за проширување на своето семејство.
Надал беше во врска со својата девојка Марија Франциска Перелјо повеќе од 14 години пред да се ожени со неа во 2019 година, но останува единствениот од големата тројка без деца. Роџер Федерер има два пара близнаци, а Новак Ѓоковиќ има син и ќерка.
„Би сакал да имам деца, момчиња, девојчиња, не е важно. Јас сум личност што сака многу деца и сум семеен човек. Но, исто така реалноста е дека годините поминуваат и би сакал да почнам со тоа поглавје од животот кога ќе го дозволи тоа спортскиот живот. Не е само да имаш деца, туку и да се грижиш за нив. Тенискиот живот со толку патувања цела година не е идеален“, вели Шпанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американец од Басконија доби грузиско државјанство
Американецот Камар Болдвин доби грузиско државјанство, што му овозможува да игра за националниот тим и да ослободи место на списокот на играчи кои се надвор од ЕУ во Басконија за АЦБ лигата.
Болдвин доби грузиско државјанство и има право да игра за националниот тим на земјата, официјално објави Кошаркарскиот сојуз на Грузија.
Со грузискиот пасош, Болдвин сега може да игра за Басконија во АЦБ лигата без да заземе место на странски играч.
Промената му овозможува на тренерот Пабло Ласо да го користи Болдвин заедно со Трент Форест и Маркус Хауард во исто време.
Во досегашната сезона во Евролигата, Болдвин одигра седум натпревари и имаше просек од 6,1 поен, 1,4 скока и 3,3 асистенции за 19 минути по натпревар.
Спорт
Комити со јасен став: Седлоски не смее и нема да биде тренер на Вардар
Фото/ архива topsport
Навивачката група на Вардар „Комити“, се огласи на социјалните мрежи по повод одлуката Гоце Седлоски да биде новиот тренер на најтрофејниот македонски клуб.
Ставот на „Комити“ е дека „Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!“.
„СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!
Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!
Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!
Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!
Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!
КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН!“
Инаку Седлоски беше во Вардар во периодот од 2015 до 2017 година, дојде на местото на Срѓан Захариески.
Спорт
Реал ќе го испрати Ендрик на позајмица
Ендрик, бразилскиот вундеркинд, летово кога го прослави својот 18-ти роденден потпиша за Реал Мадрид.
Во досегашниот тек од сезоната не доби многу шанси да се наметна. Одигра само 67 минути во Лигата на шампионите и 40 минути во Ла Лига.
Карло АНчелоти не се сомнева во неговиот квалитет, но смета дека клубот треба да биде внимател со тинејџерот, кој неодамна стапи во брак.
Клубот ја планира иднината со Ендрик, а сметаат дека најдобро за него во овој момент е да замине на позајмица. Според медиумите во Мадрид, клубот му нуди можност во јануари да се пресели на позајмица во Тотенхем или Јувентус.