Спорт
Надал опериран во Барселона
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше успешна операција на колкот во Барселона, обидувајќи се да ја продолжи својата фантастична кариера. Тој ќе го пропушти омилениот турнир во кариерата Ролан Гарос, но во моментов му е најважно комплетно да го санира проблемот и да се опорави.
Надал пред неколку недели најави дека следната година ќе му биде последна во кариерата. Тој би сакал да се врати на теренот на крајот на годината и да игра на Дејвис купот во ноември, а потоа и на Австралија опен.
Кариерата сака да ја заврши на Олимписките игри во Париз во август 2024 година.
This afternoon Nadal underwent an arthroscopic surgery to treat his left psoas problem.
On Saturday morning Rafa himself will disclose some more details about his condition 💪🙏 pic.twitter.com/XGTqaRfWF1
— Luigi Gatto (@gigicat7_) June 2, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Брујне на пауза до крајот на годината?
Победата на Наполи над Интер од 31:, во саботата во дербито на Серија А беше засенета од новата повреда на Кевин де Брујне.
Белгиецот го постигна првиот гол од пенал и ведбаш се фати за мускулот. Побара замена и со помош на медицинскиот тим го напушти теренот. Во вториот дел се врати кај соиграчите на клупата за резерви, се движеше со помош на патерици.
Според италијанските медиуми, во клубот постои страв дека може да станува збор за сериозен проблем со мускулот.
Иако Де Брујне изгледаше смирен по натпреварот, медицинскиот тим на Наполи не сака да ризикува со оглед на неговата неодамнешна историја на повреди.
Се очекува белгискиот играч од средниот ред да помине детални медицински прегледи кои ќе ја утврдат сериозноста на повредата, а прелиминарните проценки покажуваат дека може да станува збор за повреда од висок степен, која би го оставила надвор од игра неколку недели, па дури и подолго, бидејќи се зборува за пауза до крајот на календарската 2025 година.
Евентуалното отсуство на Де Брујне би било голем удар за тимот на Конте, кој го врати моментумот во трката за Скудетото во последните неколку кола.
Спорт
Јувентус го отпушти Игор Тудор
Италијанскиот гигант Јувентус одлучи да му се заблагодари на Игор Тудор за соработката по серијата лоши резултати што кулминираа со пораз од Лацио во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.
Веста за неговата замена ја потврди „Скај Спорт Италија“, со кратко и јасно соопштение на платформата „X“:
„ Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус“.
Поразот против Лацио беше трет по ред во домашното првенство, а Јувентус е без победа осум натпревари по ред, на последните четири тимот не постигна ниту еден гол.
Последниот триумф на тимот од Торино беше на 13 септември против Интер. Оттогаш, тие освоија само пет од можни 24 бода во Серија А и Лигата на шампионите, далеку под традиционалните стандарди на клубот.
Тудор го предводеше Јувентус од 23 март оваа година. Забележа десет победи, осум нерешени и шест порази.
Како привремено решение, „Старата дама“ го назначи Масимо Брамбиле, кој ќе го предводи тимот против Удинезе.
Спорт
Прогноза на Суперкомпјутерот: Реал ќе ја освои титулата во Шпанија
Ден по победата на Реал над Барселона (2:1), во „Ел Класико“, Суперкомпјутерот пресмета дека „кралскиот клуб“ ќе ја освои титулата во Шпанија оваа сезона.
Пред натпреварот со Барселона, шансите беа еднакви, пишуваат денес шпанските медиуми, но по триумфот, рапидно пораснаа шансите на Реал.
„АС“ пишува дека според Суперкомпјутерот, Реал Мадрид на крајот ќе ја освои титулата со 87 поени, седум повеќе од Барселона. На третото место ќе биде Атлетико Мадрид.
Според оваа проекција од лигата ќе испаднат Овиедо, Леванте и Џирона, клубот што играше во Лигата на шампионите минатата сезона.

