Спорт
Надал продолжи со походот по 12. титула во Барселона
Освојувачот на 20. гренд слем трофеи, Рафаел Надал, остана на добар пат до својата 12-та титула на Барселона опен откако во полуфиналето со 6:1/6:4 го збриша Британецот Камерон Нори.
За место во финалето тој ќе се бори со подобриот од мечот помеѓу Аргентинецот Диего Шварцман и Шпанецот Пабло Карењо-Буста.
Во второто полуфинале италијанската тениска сензација Јаник Синер со 6:2/7:6(6) го совлада Русинот Андреј Рубљов за да постави полуфинале против грчкиот фаворит Стефанос Циципас откако вториот носител го совлада Канѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 6:3/6:3.
„Се обидувам да бидам подобар секоја недела. Рубљев одигра многу мечеви оваа сезона, а јас се обидував да ја играм мојата игра. Беше тешко да се затвори мечот“, вели 19-рангираниот Синер, кој со своите 19 години е најмлад полуфиналист во Барселона токму од Надал, кој пред 16 години стигна до полуфиналето како 18-годишник.
De esta manera, Rafael Nadal sacaba boleto a las semifinales en Barcelona ??#BCNOpenBS pic.twitter.com/4VRRh0dL4P
— Tenis Central (@Tenis_Central) April 23, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

