Контакт

Спорт

Надал во ново четврт-финале во Париз

Објавено пред

Шампионот од „Ролан Гарос“, Рафаел Надал, стигна до својата 1.001. победа во кариерата по совладувањето на упорниот Австралиец Џордан Томпсон со 6:1/7:6(1) за пласман во четврт-финалето на мастерсот во Париз, каде што ќе игра против сонародникот Пабло Карењо Буста.

Надал имаше шанса за брејк уште во првиот гем, но Томпсон го одбрани поенот по што изгуби шест гема во низа за лесен прв сет за Шпанецот. Во вториот сет Томпсон не дозволи брејкови на свој сервис, а имаше и сет-топка при 6:5, но Надал обезбедни тај-брејк и лесно го освои.

Во четврт-финалето во Берси е и Русинот Данил Медведев, кој се врати од сет негатива за 5:7/6:2/6:2 победа над Австралиецот Алекс де Минаур. Следен за него е Диего Шварцман откако Аргентинецот со 6:1/6:1 го збриша Шпанецот Давидович Фокина.

Канаѓанецот Милош Раонич го совлада Американецот Маркос Џирон со 7:6(1)/6:1 за пласман меѓу најдобрите осум, а француската сензација Иго Умбер со 6:3/6:7(4)/6:3 го победи поранешниот шампион од САД опен, Хрватот Марин Чилиќ, и ќе игра со Раонич за место во полуфиналето.

Спорт

Пеле со емотивно проштално писмо до Марадона: Диего, те сакам!

Објавено пред

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Пеле напиша емотивно писмо до Диего Армандо Марадона, седум дена по неговата смрт со кратка и јасна порака: „Те сакам Диего“.

Пеле веднаш по смртта на Марадона во кратка изјава порача дека „еден ден“ ќе играат заедно фудбал на небото, а сега отиде во поголеми детали.

„Денеска поминаа седум дена откако замина. Многумина сакаа да не споредуваат цели нивни животи. Ти беше гениј кој го маѓепса светот. Магионичар со топката во нозете. Вистинска легенда. Но, пред тоа, за мене, секогаш беше голем пријател со уште поголемо срце. Денеска знам дека светот ќе биде многу подобар ако можеме помалку да се споредуваме, а повеќе да се почитуваме. Затоа, сакам да кажам дека ти си неспоредлив. Твојата патека беше одбележана со искреност. И на твојот уникатен и посебен начин, не научи дека мораме да сакаме и да кажуваме дека сакаме почесто. Брзото заминување не ми дозволи да ти го кажам тоа, така што ќе го напишам: Те сакам, Диего. Мој голем пријателу, благодарам за целиот пат. Еден ден, на небото, ќе играме во ист тим и тогаш ќе биде првпат да ја кренам тупаницата во воздух на теренот без да славам гол. Тоа ќе биде бидејќи повторно ќе можам да те гушнам“, напиша Пеле.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пандев за „Моцартспорт“: Аутсајдери сме, нема што да загубиме на ЕУРО 2021

Објавено пред

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, ќе ја предводи Македонија на ЕУРО 2021 година. Во интервју за „Моцартспорт“, тој вели дека Македонија од позиција на аутсајдер нема што да загуби на собирот на најдобрите европски селекции.

Македонија на ЕУРО 2021 година е во група со Холандија, Австрија и Украина.

„Најпрвин се надевам дека пандемијата ќе заврши. Дека ќе има публика на ЕП и дека ние ќе имаме поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но нема што да загубиме. Најважни ќе ни бидат првите две средби, со Австрија и Украина“.

Во интервјуто издвоил кој натпревар е најзначаен во неговата кариера.

„Се работи за два натпревари. Последниот натпревар на Македонија против Грузија, на 12.ноември, кога постигнавме голем успех и финалето во Лигата на шампионите против Баерн, кога со Интер победивме 2:0“, рекол Пандев.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дејвис има 190 милиони причини за радост

Објавено пред

Ентони Дејвис ги финишира преговорите околу новиот договор со Лос Анџелес Лејкерс. Американските медиуми тврдат дека тој ќе потпише пет годишен договор кој ќе му донесе 190.000.000 евра.

Дејвис, во својата прва сезона со Лејкерси успеа да ја освои шампионската титула. Заедно со Леброн Џејмс тој е рбетот на овој тим, кој ќе се обиде во новата сезона да ја одбрани титулата.

Дејвис во првата сезона би требало да заработи 35.000.000 долари. Неговата плата ќе расте секоја година, а во последната година тој треба да добие 43.000.000 долари.

Во договорот ќе постои опција која ќе му овозможи на Дејвис да ја раскине соработката, пред да ја започне последната година од договорот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија52 минути

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на македонскиот народ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија4 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен4 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ4 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет5 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет6 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија6 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет6 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион7 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ7 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа8 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет9 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет9 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион9 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа20 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет21 час

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт21 час

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија22 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија23 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Досие