Спорт
Наградниот фонд во ЛШ зголемен за половина милијарда евра
Лигата на шампионите го менува форматот од следната сезона, а тоа доведе до зголемување на наградниот фонд кој од две милијарди евра се зголеми на 2,5 милијарди.
За пласман во елитното европско натпреварување клубовите наместо досегашните 15,64 милиони ќе инкасираат 18,62 милиони евра. Секоја победа ќе донесе 2,1 милиони евра на сметката на учесникот, додека за нерешниот резултат ќе носи 700.000 евра.
За потсетување, следната сезона во Лигата на шампионите наместо досегашните 32 ќе играат 36 клубови. Нема повеќе групна фаза туку се игра една лига.
Во новиот формат, секоја екипа ќе игра осум наместо шест натпревари и ќе собира бодови за пласман во следната фаза. Веќе нема да играат против истите противници дома и на гости.
Првите осум од табелата ќе се пласираат директно во осминафиналето. Екипите пласирани од 9 до 24 место ќе играат плеј-оф за пласман меѓу најдобрите 16 (еден натпревар дома и еден на гости).
На ждрепката за плеј-офот екипите ќе бидат поделени во две групи, носители (од 9. до 16. место во лигата) и неносители (од 17. до 24. место). Потоа, победниците ќе играат против еден од осумте најдобро пласирани од првото коло.
#UEFA #ChampionsLeague is set to change from 24/25. Not only is the number of teams increasing from 32 to 36, resulting in 64 added matches but it also results in an increased payouts to the participating teams
Reports indicate the total prize money to be distributed among all… pic.twitter.com/nXRnJaq3tM
— Sports Business Inst (@SBI_Barcelona) March 28, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона избегна пораз кај Клуб Бриж
Клуб Бриж и Барселона ремизираа 3:3 во спектакуларен меч одигран во 4.коло, во Лигата на шампионите. Барселона три пати се враќаше по водството на домашните, на крајот и ВАР беше на страната на Каталонците.
Клуб Бриж го отвори натпреварот совршено. Веќе во 6-та минута, Карлос Форбс прецизно го проигра Никол Тресолди, кој ја погоди мрежата и им донесе водство на Белгијците од 1:0.
Сепак, Барселона брзо возврати. Во 8-та минута, по одлична акција, Фермин Лопес му асистираше на Феран Торес.
Нова предност на Бриж му донесе во 17-та минута. Карлос Форбс совршени реализираше контра напад.
Барселона повторно израмни во 61-та минута. Акција како на плејстејш, Фермин Лопес мајсторски го проигра Ламин Јамал погоди за 2:2.
Само три минути подоцна, Клуб Бриж повторно поведе. Ханс Ванакен го пронајде Карлос Форбс во шеснаесетникот, а Португалецот лобуваше Војчех Шчесни.
Бриж три минути доби пенал, но на повик на ВАР собата Ентони Тејлор го поништи.
А потоа, „ладен туш“ за Бриж.
Во 77-та минута, Барселона повторно израмни, Јамал шутираше, Цолис во обид да блокира ја закачи топката која заврши во голот.
До крајот Бриж постигна гол преку Вемант, кој му ја одзеде топката на голманот Шчесни, но Тејлор повторно доби повик од ВАР собата и голот беше поништен.
Спорт
Реал има договор со Упамекано
Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано со голема веројатност ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната.
Упамекано ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната, поради што има понуди од неколку клубови. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, францускиот „Фут Меркато“, оди подалеку и тврди дека Упамекано му дал збор на претседателот на Реал, Флорентино Перез.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Упамекано на 60 милиони евра.
Заедно со Реал, сериозен интерес покажува и ПСЖ, додека Баерн истовремено работи на продолжување и се обидува да го задржи голманот во клубот.
Упамекано пристигна во Баерн во летото 2021 година од Лајпциг, во трансфер од 42,5 милиони евра. Досега има одиграно 166 натпревари за баварскиот тим и освои шест трофеи, по три во Бундеслигата и Купот на Германија. За француската репрезентација одигра 34 натпревари.
Спорт
Атлетико остана без Ле Норман
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб.
Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган.
Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека не се оштетени лигаментите и менискусот.
Атлетико не соопшти колку долго 28-годишниот дефанзивец ќе биде надвор од терените.

