Спорт
Најдобриот стрелец го напушти Жалгирис
Жалгирис остана без својот најдобар стрелец во нјчуствителниот дел од сезоната. Американецот Лони Вокер се сели во Филаделфија.
Новинарот Шамс Чаранија на мрежата „X“, објави дека Вокер ја продолжува сезоната во НБА, откако неговиот агент Џорџ Лангберг се согласил на двегодишен договор вреден три милиони долари по сезона.
Се додава и дека Жалгирис остана со празни раце, бидејќи стрелецот од 13,6 поени, со 3,2 скока и 1,8 асистенции, во договорот имаше излезна клаузула доколку дојбие понуда од НБА тим.
Работите да бидат уште полоши за евролигашот од Каунас, 26-годишниот Американец замина во Филалдефија на само шест дена пред крајот на преодниот рок во Евролигата, па прашање е дали тренерот Андреа Тринчиери во овој момент има решение или ќе ја продолжи борбата за плеј-ин позициите со актуелниот состав.
Некои напредни статистики покажаа дека Жалгирис го има најтешкиот распоред во последните осум кола, во кои само двапати ќе биде домаќин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Лил го декласира Динамо Загреб
Фудбалерите на Лил го победија Динамо Загреб со 4:0 во петтото коло од Лигата на Европа.
„Догите“, успеаја да го заборават поразот од Црвена звезда и да се вратат на победничкиот колосек во ова натпреварување.
Натпреварот мина во целосна доминација на францускиот тим. Интересно е што таа ги постигна првите два гола по контранапад.
Кај првиот гол, одбраната на Динамо реагираше лошо, Харалдсон го искористи подарокот, му асистираше на Кореја во шеснаесетникот, кој рутински го совлада Филиповиќ.
Нгал’Ајел Мукау го зголеми резултатот на 2:0 во 36-та минута. Домашниот тим лесно ја измами одбраната на Дианмо, а Мукау беше сосема сам пред голот по вратена топка од левата страна.
Во второто полувреме, Лил имаше серија шанси, а искористи две. Хамза Игамане прв постигна гол во 69-та минута. Харалдсон повторно беше во улога на асистент.
Конечните 4:0 ги постигна Бенџамин Андре во 86-та минута.
Динамо има седум бода по пет кола и моментално е на 18-то место, но би можел дополнително да падне на табелата по одигрувањето на вечерните натпревари од Лигата на Европа. Лил е седми со девет бода.
Лига Европа на УЕФА, 5. коло
Рома – Митјиланд 2:1 (1:0)
/Ел Ајнауи 7, Ел Шарави 83 – Паулињо 90/
Астон Вила – Јанг Бојс 2:1 (2:0)
/Мален 27, 42 – Монтеиро 90/
Порто – Ница 3:0 (2:0)
/Веига 1, 33, Омородион 61пен./
Фенербахче – Ференцварош 1:1 (0:0)
/Талиска 69 – Варга 66/
Феенорд – Селтик 1:3 (1:2)
/Уеда 11 – Јан Хјун 31, Хате 43, Мек Грегор 82/
Лил – Динамо Загреб 4:0 (2:0)
/Кореја 21, Мукау 36, Игамане 69, Андре 86/
Лудогорец – Селта 3:2 (1:0)
/Станиќ 11пен, 49, 63пен – Дуран 70, Ел Абделауи 90+6/
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/

